Уште една година е зад нас, а во 2022 година забележани се неколку моменти за кои мислевме дека можеме да ги видиме само во научнофантастични филмови.
Милијардерите продолжија да сонуваат како да ја освојат вселената, летала со големина на фрижидер удрија во астероиди, а научниците се обидуваат, како и секогаш да ги најдат одговорите на некои од вечните прашања.
Истражувачите за првпат успеаја да одгледаат билки во земјата на Месечината, а инженерите успешно го тестираа слојот отпорен на топлина, кој би можел да ги заштити луѓето на Марс.
Судар со астероид
Летало на НАСА се удри во мал астероид Диморфос, кој кружел околу поголемиот вселенски објект познат како „Дидимос“. Иако сударот потсети на сцена од филмот „Армагедон“ од 1998 година, во прашање беше демонстрација на технологија, која треба да не заштита на Земјата од судар на астероиди.
„Диморфос“ беше со големина на фудбалски стадион, а се наоѓаше на околу 10 милиони километри оддалеченост од нашата планета. Голем број набљудувачи, на 26 септември преку камери ја видоа за првпат површината на „Диморфос“. Видеото заврши кога се случи сударот во астероидот.
Потоа беа објавени фотографии кои ги направи вселенскиот телескоп и еден италијански сателит.
Тоа беше првпат во историјата на човештвото, човекот да го измени правецот на движење на едно небесно тело. Ни „Дидимос“ ни „Диморфос“ не претставуваа закана за Земјата, но беа совршени мети за тестирање на новата технологија. Орбитата на астероидот околу Дидимос беше намалена за 32 минути.
Чукање на срцето во вселената
Брзи радио-сигнали ги фасцинираа астрономите уште од нивното откривање во 2007 година, а годинава беше забележан сигнал кој многу наликуваше на отчукување на срце. Феноменот Fast Radio Burst (FRB) е една од најфасцинантните мистерии во космосот.
Ова се исклучително моќни сигнали, од кои некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони сонца, а траат помалку од трепнување со окото. Една од најважните карактеристики на брзите налети на радио-брановите е тоа што се краткотрајни и непредвидливи.
Експертите проценуваат дека отчукувањето на срцето е дојдено од галаксија оддалечена околу милијарди светлосни години, но локацијата и причината за налетот на истите не се познати.
Мистериозни вселенски кругови
ORC-1 (Odd Radio Circles 1) typifies the enigmatic five objects, only visible at radio frequencies, that were serendipitously discovered in 2019 using the new Australian SKA Pathfinder radio array [read more: https://t.co/py0IYNpHXh] pic.twitter.com/wvL5mklyKI
— Massimo (@Rainmaker1973b) March 30, 2022
Кога говориме за чудни објекти, астрономите направија чекор понатаму во разбирањето на необичните радио-кругови кои ги збунија научниците од нивното откритие во 2020 година. Вселенските кругови беа толку масовни, што секој има околу милион светлосни години во пречникот, што е 16 пати повеќе од нашиот Млечен пат. Се верува дека на круговите им се потребни милијарда години за да ја достигнат максималната големина и дека се толку големи што можат да се прошират во просторот на други галаксии. Со користење на телескопот на Јужноафриканската опсерваторија, научниците успеаа да снимат детална фотографија од радио-круговите.
Црна дупка
Црните дупки се познати по тоа што ги голтаат ѕвездите, така што научниците кои го користеле телескопот „Хабл“, биле прилично изненадени кога забележале дека во црната дупка се раѓа ѕвезда.
Утврдиле дека гастовитата папочна врвка, се протега од црната дупка, во центарот на џуџестата галаксија, до ѕвезденото породилиште, каде што се создава ѕвездата. Гасот обезбеден од црната дупка предизвикал низа настани, а едно од нив е раѓањето на новата ѕвезда.
Астрономите годинава снимија и огромна црна дупка која се надвила над центарот на нашата галаксија.
Хеликоптер се обидел да фати ракета
Американската компанија Rocket Lab сакала да најде начин како да ги фати своите ракетни засилувачи додека паѓаат на Земјата по лансирањето. Двапати се обиделе да го направат тоа со помош на хеликоптер, на кој била закачена кука. Целта била да се соберат деловите од ракетата, па со нивно рециклирање да се заштедат пари.
Првиот обид во мај се чинело дека ќе биде успешен, кога хеликоптерот го фатил засилувачот, но пилотите на крајот се откажале поради безбедносни причини. За време на вториот пат, ракетата не била видлива, така што пилотите потврдиле дека нема да можат да ги соберат деловите.
Јапонски милијардер планира патување околу Месечината
Јапонскиот моден могул Јусаку Маезав одбрал осум патници кои ќе му се придружат на пат околу Месечината, а целата авантура му ја овозможиле компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“. Во групата на одбрани лица, се наоѓаат и американскиот ди-џеј Стив Аоки и популарниот јутјубер Тим Дод.
Меезав на почетокот сакал да понесе група уметници на шестдневно патување, но подоцна соопштил дека ја проширил својата дефиниција на уметници. Како што навел, бил отворен да прими луѓе од сите сфери, сè додека себе си се гледаат како уметници.
Мисијата, наречена „Драга Месечина“, првпат беше објавена во 2018 година, со цел да биде лансирана во 2023 година. Во исто време, милионерот Денис Тито стана првиот кој на почетокот на новиот милениум плати да патува до Меѓународната вселенска станица.
Вонземјански отпад најден во Австралија
Деловите од вселенскиот отпад се најдени на една фарма во Австралија, а НАСА и тамошните власти потврдија дека објектите најверојатно се од капсулата „Спејс икс Драгон“, кој во атмосферата влегол во мај 2021 година.
Мисијата, наречена „Драга Месечина“, првпат беше објавена во 2018 година, со цел да биде лансирана во 2023 година. Вообичаено е вселенскиот отпад да падне на Земјата, но е вистинска реткост тоа да се случи на копно, затоа што поголемиот дел од ѓубрето завршува во океаните.
Океан на Мимас
Сателитот на Сатурн, Мимас, привлече големо внимание, затоа што многу наликува на Ѕвезда на смртта од познатиот филмси серијал „Војна на ѕвездите“. Сепак сателитот во 2022 година стана сензација откако беше откриено дека на него постои океан, а со самото тоа би можело да постои и некаков облик на живот.