Судот третпат го одби барањето за кауција на љубовницата на Џефри Епштајн

Судот во Њујорк третпат го одби барањето на Жислен Максвел за да ѝ се одобри кауција и да биде пуштена да се брани на слобода, пренесуваат американските медиуми.

Судијата Елисон Натахан изјавила дека е загрижена дека Жислен нема да се појави на судењето и покрај притисоците на нејзините адвокати. По оваа одлука, Максвел ќе остане зад решетки до јули кога почнува судењето.

Според судијата Елисон, историското однесување на Максвел наведува на заклучок дека постои ризик да побегне.

Максвел нудела недвижности и пари во износ од неколку милиони долари за да биде ослободена да се брани од слобода. Во третото барање за одредување кауција таа дури и навела дека е подготвена да се одрече од своето француско и британско државјанство и да го задржи само американското.
Нејзините адвокати во неколку интервјуа за медиумите ги опишаа условите во затворот во Бруклин, каде што таа престојува, како нехумани.
Интересно е дека во првото барање за кауција таа навела дека поседува имот од неколку милиони долари. Во второто барање, како што пренесува „Дејли мејл“, вредноста на имотот е зголемена на 28,5 милиони долари.
Во образложението на судот е наведено дека многубројни докази, тешки обвинувања, случаи со апсења, биле причина за ваквата одлука. Максвел е уапсена на 2 јули минатата година под обвинувањето дека учествувала во трговија со малолетни девојки.

Максвел му била љубовница на педофилот и милијардер Џефри Епштајн, кој беше пронајден мртов во затворска ќелија на Менхетн на 10 август 2019 година. Епштајн наводно извршил самоубиство, а медиумите шпекулираат дека тој имал видеоснимка од Бил Клинтон, Доналд Трамп, британскиот принц Ендру, Вуди Ален и многубројни познати личности како имаат секс со малолетни девојчиња.

 

 

Scroll to Top