Светот мора да се подготви не само за нови пандемии туку и за можни терористички напади со употреба на биолошко оружје, тврди Бил Гејтс

Мултимилијардерот Бил Гејтс неодамна гостуваше во заедничко интервју со поранешниот британски министер за надворешни работи Џереми Хант, кој моментално претседава со здравствената комисија при Парламентот на Обединетото кралство. Тој во интервјуто за британската организација „Policy Exchange“ нагласи дека светот мора да се подготви не само за нови пандемии, туку и за можни терористички напади со употреба на биолошко оружје. Според основачот на Мајкрософт, тие можат да бидат уште поопасни од ширењето на Ковид-19.

Тој истакна дека милијарди долари треба да се потрошат за истражувања на епидемиолошката безбедност и развој на специфични механизми за борба против инфективните болести и за спротивставување на новите закани кон човештвото.

Гејтс ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да формира посебна работна група за следење на епидемиолошката состојба во светот. Но и да биде подготвена за можни биотерористички напади, притоа разработувајќи сценарија за елиминирање на нивните последици.

„Работната група за пандемија на СЗО најверојатно ќе има потреба од околу една милијарда долари годишно. Таа ќе набљудува и спроведува „бактериолошки тестови, како што јас ги нарекувам“, изјави мултимилијардерот.

Scroll to Top