Познатиот американски свиркач Едвард Сноуден рече дека светот станал поубав за еден ден откако во понеделникот во целиот свет паднаа „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“.
„Фејсбук и Инстаграм мистериозно се исклучија и со тоа светот стана поздраво место на еден сјаен ден“, рече тој и им порача на корисниците да користат алтернативни апликации за допишување наместо „Ватсап“, којашто е во сопственост на „Фејсбук“.
Според него, ова е потсетник дека луѓето треба да користат непрофитна алтернативна апликација за допишување како Сигнал или некои други апликација со отворен код.
Тој и претходно пишуваше дека Сигналап е многу посигурна апликација за користење од Ватсап. За потсетување, Сноуден се прослави откако откри тајни американски документи кои покажаа постоење на голем број проекти за таен надзор.