Светот стана поубаво место за еден ден, рече Сноуден по падот на „Фејсбук“

Познатиот американски свиркач Едвард Сноуден рече дека светот станал поубав за еден ден откако во понеделникот во целиот свет паднаа „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“.

„Фејсбук и Инстаграм мистериозно се исклучија и со тоа светот стана поздраво место на еден сјаен ден“, рече тој и им порача на корисниците да користат алтернативни апликации за допишување наместо „Ватсап“, којашто е во сопственост на „Фејсбук“.

Според него, ова е потсетник дека луѓето треба да користат непрофитна алтернативна апликација за допишување како Сигнал или некои други апликација со отворен код.

Тој и претходно пишуваше дека Сигналап е многу посигурна апликација за користење од Ватсап. За потсетување, Сноуден се прослави откако откри тајни американски документи кои покажаа постоење на голем број проекти за таен надзор.

Scroll to Top