Свршеницата на убиениот новинар Кашоги бара казна за саудискиот престолонаследник

Свршеницата на саудискиот новинар Џамал Кашоги бара без одложување да се казни саудискиот престолонаследник поради вмешаност во случајот со неговото убиство.

„Ова нема да ја донесе само правдата што ја баравме, туку ќе спречи повторување слични дела“, навела во соопштението Хатиџе Ченгиз.

Соопштението е издадено кога американската известувачка служба откри дека престолонаследникот Мохамед бин Салман го одобрил убиството на Кашоги.

Саудиска Арабија го отфрли тој извештај, пренесе Би-би-си.

Престолонаследникот Мохамед, кој всушност е владетел на кралството, негирал каква било улога во убиството на Кашоги. Новинарот беше убиен за време на посетата во саудискиот конзултат во Истанбул во октомври 2018 година, а неговото тело било распрачено.

Scroll to Top