Талибанците му порачаа на Бајден: Држи се до договорот и повлечи ги американските трупи од Авганистан

Талибанците во Авганистан го повикаа денес Џо Бајден, избраниот претседател на САД, да се држи до договорот и да ги повлече американските трупи од Авганистан.

САД ќе почне да ги повлекува трупите според договорот што претходно бил постигнат, а работите би требало да бидат завршени до мај, додека за тоа време талибанците ќе одржуваат мировни преговори со официјалните лица од Авганистан во Доха.

„Сакаме да им порачаме на новоизбраниот претседател на САД и неговата администрација на најразумен и најдобар начин да го завршат конфликтот и да го исполнат договорот што го постигнавме“, соопштила милатиралната група, која се јави првпат по изборите на САД, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, насилството се засилува во цел Авганистан затоа што талибаните ги напаѓаат градовите поттикнувајќи понекогаш и воздушни напади од Американците.

Scroll to Top