Татко на педофил јуриша кон претседателското место во Белата куќа, обвинува Руди Џулијани

By

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани, изјавил дека на лаптопот на синот на американскиот претседателски кандидат Џо Бајден биле пронајдени непристојни фотографии од малолетни девојчиња.

Во емисијата „Њузмакс“ Џулијани покажал пораки, кои, според информациите на списанието Washington examiner, Бајден Помладиот му ги испратил на својот татко, а кои се однесуваат на неговата врска со Хели Бајден, вдовицата на неговиот брат.

Според пораките кои адвокатот на Трамп ги покажал, Хантер Бајден наводно му пишувал на татко му дека Хели Бајден го обвинила за непримерно однесување со малолетнички.

На Хели не ѝ се допаѓало тоа што Хантер разговара на „Фејстајм“ со 14-годишна тинејџерка, чие име намерно е сокриено во преписката. Како што се наведува во американските медиуми, девојчето го негирало овој инцидент.

Адвокатот Џулијани навел дека покрај оваа порака, во лаптопот на Бајден Помладиот биле пронајдени и бројни фотографии на други малолетни девојчиња.

Џулијани тврди дека сите материјали кои ги добил на почетокот на овој месец,биле предадени на полицијата. Преписката станала достапна откако сопственикот на сервисот, во кој е пронајден лаптопот на синот на американскиот претседателски кандидат, направил копија на хард-дискот.

Тој копијата му ја предал на Џулијани. Минатата недела, „Њујорк пост“ објави неколку пораки на е-пошта засновани на оваа преписка.

Во една од пораките, кои наводно му ги испратил на Вадим Пожарски, помлад советник во управата на украинската енергетска компанија „Буризма“, Бајден наводно му се заблагодарува за остварениот состанок со неговиот татко.

Во друго писмо, Пожарски бара од Хантер Бајден да размисли како може да се искористи влијанието на неговиот татко, за да ѝ се помогне на компанијата.

Ова откритие е во спротивност со тврдењата на Џо Бајден, дека тој нема никаква врска со работата на својот син во „Буризма“.

Американските медиуми пренесуваат дека ФБИ го запленил лаптопот и хард-дискот кои ги имал Џулијани. Хантер Бајден работел како советник во управата на „Буризма“, заработувајќи по 50.000 долари месечно.

Приврзаниците на Трамп се сомневаат дека Бајден Помладиот го искористил неговиот татко за лобирање во компанијата. Покрај тоа, тие се сомневаат дека Џо Бајден вршел притисок врз украинските власти да го сменат генералниот обвинител Виктор Шокин.

Шокин го истражувал случајот со компанијата „Буризма“ и корумптивните активности кои се случувале во компанијата. Џо Бајден ги негирал ваквите наводи, а демократите ваквите публикации ги нарекле кампања на Кремљ.

(Видео) „Њујорк пост“ објави тајни имејлови кои ја откриваат целата корупција на семејството Бајден

Ќе ви се допадне