Таткото на Вуди Харелсон бил платен убиец, го обучувала ЦИА, а тврдел дека го убил и Кенеди

Вуди Харелсон еден од најпознатите американски глумци, во последните десетина години го покажа богатиот распон на драмски, акциски и комични улоги. Ова е фантастичен успех за темпераментниот јужњак од САД, кој од раното детство носи тежок семеен терет.

Неговиот татко Чарлс, бил мафијашки егзекутор. Чарлс Харелсон од животот на Вуди исчезнал уште во 1968 година, кога глумецот имал 7 години.

Таа година бил осомничен за две убиства. За првото поротата го ослободила. Но, за второто, за ликвидацијата на трговец со жито кој имал четири деца, судот утврдил дека на Чарлс му било платено 2000 долари за да ја изврши задачата и во 1973 година го осудила на 15 години затвор.

Поради добро однесување, излегол во 1978 година и брзо се вратил на старите патеки. Тексашкиот наркобос Џими Чагра му платил да го убие судијата Џон Х. Вод Џуниор во Ел Пасо, кој бил познат по тоа што на дилерите им пресудувал максимални казни.

Бил убиен со еден куршум во задниот дел од главата на 29 мај 1979 година пред неговиот дом додека влегувал во автомобил. Харелсон бил уапсен откако се пофалил со неговото убиство, а пред судот тврдел дека тој не е убиецот.

Рекол дека се фалел само за да може да ги земе парите за ликвидација. Судот не му поверувал. Го осудил на две доживотни казни во 1981 година. Вуди Харелсон во 80-те години стапил во контакт со татко му во затворот, откако претходно го немал видено повеќе од 15 години.

Му рекол дека има поделени чувства кон него, но и покрај сè, се обидел да изгради пријателски однос со него. Откако во 2003 година Џими Чарко му рекол дека татко му не го убил судијата, Вуди покренал правна акција за укинување на пресудата. Не успеал во тоа.

Чарлс Харелсон починал во затвор во 2007 година, наводно од прекин на работата на срцето.

 

Вуди во едно интервју рече дека знае дека неговиот татко бил обучен од ЦИА, но не сакал да навлегува во детали. Самиот Чарлс Харелсон, во доцните 1970-ти, за време на неговиот краток период на слобода, се пофалил дека учествувал во атентатот на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди. Но, бил дрогиран, па малкумина верувале во неговите приказни.

Scroll to Top