Телохранителот на Дајана: Сообраќајката во тунелот во Париз можеше да се избегне

Несреќата во која трагично загина принцезата Дајана со свршеникот Доди Ал Фајед веќе повеќе од четвртина век остана мистерија. Во страшна сообраќајка единствено преживеа нивниот телохранител Тревор Рис, кој многу години потоа, пак е виден во јавност со семејството.

Џонс рече дека сообраќајката во која Дајана загина во тунелот во Париз можела да се избегне, ако нивниот возач Анри Пол не бил пијан. Додаде дека не се сеќава на ништо по несреќата. Последно нешто на што можел да се сети е кога влегол во „мерцедесот“ пред хотелот „Рич“.

„Сакам да знам што се случи. Јас сум единствениот кој може да ја каже вистината, а не може да се сети. Лесно е кога би можел да се сетам. Можам да им ја кажам на луѓето и да се заврши целата приказна, но убеден сум дека тоа е несреќа која можеше да се избегне. Пол погреши што седна зад воланот пијан. Не му кажа ни на Доди дека не е способен да вози. Тоа беше грешка. Тоа беше несреќа поради возење во алкохолизирана состојба предизвикана од прекумерна брзина“, рече во едно интервју пред да ја објави книгата „Приказната за телохранителот“, во 2000 година.

Вистинско чудо е како преживеал. Седел на совозачкото место на предното седиште. Имал 29 години, а секоја коска на лицето му била скршена. Воздушното перниче било тоа кое му го спасило животот.

По несреќата минал месец дена во болница и не бил способен да зборува. Лицето му било унаказено, а се здоби со тешки повреди на главата и градниот кош. Мина 10 дена во кома, а хирурзите му го реконструираа лицето со помош на 150 делови од титаниум, направени според негова стара фотографија.

По несреќата доживеал длабока амнезија и можел да комуницира само со шепотење и запишување на работите. Интересно е тоа што по шест месеци повторно работеше за Мохамед Ал Фајед, таткото на загинатиот милијардер.

Но, дал отказ и одлучил да продолжи понатаму. Се вратил во својот роден Шропшир и некое време работел во локална спортска продавница.

Богатството го заработил работејќи за нафтениот гигант Halliburton, каде работел како шеф на обезбедувањето во тексашка фирма за време на војната во Ирак.

Џонс денес изгледа како да нема ниту една операција. И покрај тоа што во првите неколку месеци не можел да зборува, тој во рок од една година повторно играл рагби, како што француските хирурзи му ветиле на почетокот.

Во интервју за Irish Times во 2000 година рече дека немал никакви чувства кон Дајана, освен што ја опишал како жена со која може да се оди во паб.

Поранешниот падобранец сега живее со сопругата Ен, која работи како учителка, нивните две деца и куче. Живеат во куќа вредна 500.000 фунти, во Шрошир. Денес работи како шеф на обезбедување во „Астра Зенека“.

Води мирен живот, а за британски „Сан“ рече дека не сакал да ѝ се додворува на јавноста и дека се обидел да живее мирен живот со сопругата и децата.

Џонс бил син на воен хирург и медицинска сестра. Има двајца браќа, а во 1987 година се пријавил во првиот баталјон на падобрански пук, отслужил во Северна Ирска и добил орден за општа служба. Поранешниот телохранител за време на војната во Ирак извршувал важна работа во Америка за што отворено зборувал и негов пријател.

За смртта на Дајана, која до ден денес остана мистерија, ќе биде објавен и нов документарец, „Истрага Дајана: Смрт во Париз“. Во него ќе се откријат непознати детали за принцезата и несреќата во Париз. Во него е снимено дека Лејди Ди била уплашена за животот пред несреќата.

Дајана му пренела на адвокатот, а тој пак им пренел на Скотланд Јард, кој податоците не ги предал на француската полиција, за да го заштити угледот на кралското британско семејство. Важен соговорник во документарецот е француската детективка Мартин Монтеи, која била на местото на несреќата.

 

 

 

Scroll to Top