Голем број теоретичари веруваат дека силниот земјотрес кој во понеделникот утрото ја погоди Турција е предизвикан од ХАРП системот, пренесуваат некои од медиумите. За турските експерти пак тоа е глупост.
„Такво нешто е невозможно и нема научни објаснувања за тоа што го тврдат“, рече Ахмет Ерџан, геофизичар од факултетот на ИТУ.
За потсетување, силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, ја погоди турција во понеделникот во 4.17 часот по локално време. Земјотресот ја погоди и Сирија каде загинаа повеќе од 600 лица.