Терористот од Виена се обучувал на Балканот

Атентаторот Кујтим Фејзулаи (20), кој во понеделникот вечерта во Виена во терористички напад усмрти четири лица, не бил волк самотник, туку некое време бил тесно вмрежен со австриската исламистичка сцена, пренесува виенскиот дневник „Естерајх“.

Весникот наведува дека во фокус на истрагата била една џамија во 16. виенски округ, кој бил собиралиште на познати исламисти. Меѓу нив биле и убиениот австриски џихадист Мохамед М, Мирсад Омеровиќ, кој бил осуден на 20 години затвор поради ширење омраза.

Исто така во џамијата бил и Австриецот со албанско потекло Лоренц К, кој уште додека бил малолетен планирал терористички напади во Виена и кој во моментов се наоѓа во притвор.

Омеровиќ управувал во таа џамија. Регрутирал борци за Исламската држава, тврдат некои медиуми. Весникот се повикува на досието на Фејзулај, кој бил осуден на 22 месеци затвор поради терористички здружување. Бил пуштен привремено од затвор, затоа што ги изиграл властите убедувајќи дека ги дерадикализирал.

Во тоа досие е наведено дека момчето кое има потекло од Северна Македонија било одгледано според исламската вера и дека станал „салафистичко џихадистички приврзаник на политичкиот такфиризам“. Тој одобрувал насилство како пат за наметнување на исправниот пат.

Фејзјилу заедно со уште еден пријател се обидел да влезе во џихадот во Сирија, но во тоа не успеал, туку го уапсиле турските власти, кои го испорачале во Австрија, каде што одговарал пред судот.

За време на истрагата, по терористичкиот напад, полицијата во повеќе градови на Австрија уапсила 14 лица, кои биле во контакт со Фејзулаи, за кои се смета дека би можеле да бидат соучесници.

Исто така во Швајцарија се уапсени две лица кои биле во контакт со нив. Сега полицијата треба да реши и кој го обучувал Фејзулаи да употребува оружје, а тука постојат и траги кои водат во Германија, односно еден камп за обука на терористи во Северна Македонија, каде што често патувал.

 

Scroll to Top