Трамп ќе објави 3.000 необјавени документи поврзани со убиството на Кенеди

By

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе обелодени документи на ЦИА кои би можеле темелно да го оспорат фактот дека убиецот на Џон Кенеди, Ли Харви Освалд, дејствувал сам во извршениот атентант.

dobivaj vesti na viber

Се очекува претседателот Трамп да декласифицира 3.000 документи од ЦИА кои се однесуваат на убиството на Кенеди и кои може, конечно, да ја демантираат службената приказна дека Ли Харви Освалд бил осамен волк во ликвидацијата на поранешниот претседател на САД.

Трамп изјави дека ќе одобри објавување на преостанатите класифицирани документи за атентатот за претседателот на Џон Кенеди од 1963 година.

„Како претседател ќе го одобрам отворањето на блокираните и класифицирани досиеја за ЏФК“, напиша Трамп на „Твитер“.

Американскиот национален архив низ годините објавуваше документи за атентатот, но последните делови од досејата се и понатаму тајни и само Трамп може да реши дали ќе да останат затворени за јавноста или ќе бидат објавени во редактирана форма.

Убиството на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година е еден од најважните датуми во американската историја и до ден-денес е популарна тема меѓу теоретичарите на заговор, иако службената истрага заклучила дека за атентатот е одговорен единствениот напаѓач и стрелец Ли Харви Освалд.

Некои теории велат дека во атентатот бил вмешан организиран криминал, дека постои вмешаност на Куба, па дури и агенти на американската тајна служба. Но, теоретичарите на заговор не приложиле никаков доказ за тоа дека Освалд имал помош од страна.

Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека, според експертите, документите што ќе бидат обелоденети во јавноста од страна на Трамп нема да донесат какви било нови бомбастични информации, но би можеле да ги расветлат активностите на атентаторите кога Кенеди бил во Мексико Сити на крајот на септември 1963 година, како и дејствувањето на кубанските и на советските шпиони.

Кенеди беше убиен на 46-годишна возраст и до денес е запаметен како еден од најомилените американски претседатели.

 

Ќе ви се допадне