Трамп се пофали со ново оружје, кое се надева дека никогаш нема да го искористат

Американскиот претседател Доналд Трамп на еден од митинзите во предиозборната кампања, се пофали дека Америка го има најдоброто и најмоќно оружје во светот. Тој дополни дека се надева дека никогаш нема да бидат приморани да го употребат против другите сили.

Трамп изјави дека по конструирањето на новото оружје, САД станале најмоќната воена сила во светот.

„Ние сега ја имаме најмоќната војска. Ни завидуваат и Русија и Кина и Северна Кореја и сите други држави. Никој нема ни одблиску оружје какво што имаме ние. Се надевам дека никогаш нема да мораме да го употребиме. Но, ќе воспоставиме мир за позициите за сите. Затоа ни е потребно“, изјавил Трамп на митингот во Висконсин.

И претходно Трамп се фалеше дека САД поседува оружје, какво што немаат ниту Русија ниту Кина.

Scroll to Top