Тројца високи ветерани од воздухопловните сили и разузнавачите сведочea под заклетва дека биле во контакт и имале средба од прва рака со НЛО на првото сослушување од ваков вид во Вашингтон, пренесоа американските медиуми.
Потполковник Рајан Грејвс, поранешен пилот на Ф-18 со повеќе од една деценија служба во морнарицата на САД сведочеше дека неговата ескадрила редовно откривала неидентификувани авиони додека бил стациониран во близина на брегот на Вирџинија во 2014 година.
Во својата воведна изјава, Грејвс рече дека додека повеќето од авионите биле откриени на радарот, некои од пилотите повремено можеле да ги видат и со свои очи. Потполковникот Грејвс откри дека објектите станале толку вообичаени што со текот на времето, станале јавна тајна меѓу пилотите.
Во една таква блиска средба, два млазници биле принудени да направат опасни маневри, за да избегнат да не удрат во нив, односно да не удрат во објект што изгледал како темно сива коцка во чистата сфера.
Заедно со сведочењето на Грејвс, Конгресот од прва рака слушна и за извештаите од ветеранот пилот на американската морнарица, командантот Дејвид Фрејвор, кој бил сведок на НЛО во 2004 година.
Ветеранот на воздухопловните сили и разузнавањето Дејвид Груш, кој откри за нелегална програма за пронаоѓање НЛО започната во јуни оваа година, исто така сведочеше под заклетва.
Надзорната комисија на Претставничкиот дом го надгледуваше сослушувањето кое беше закажано за 10 часот по средноевропско време.
„Бирократите на Пентагон и Вашингтон ги кријат овие информации со децении, а ние конечно ќе фрлиме малку светлина врз нив“, рече Тим Буршет претставник во комитетот.
„Ќе донесеме веродостојни сведоци кои јавно ќе сведочат бидејќи американскиот народ ја заслужува вистината“, додаде тој.
Конгресменот за подкастот Event Horizon, месецов рече дека владата се занимаваме со прикривање на ваквите информации од 1947 година, а можеби и од 1897 година.
„Вонземјаните можат да патуваат светлосни години или со брзини што кои пркосат на физиката каква што ја знаеме“, рече Буршет во подкастот и додаде дека објектите можат да летаат под вода и да не покажуваат топлински потпис.
Објасни дека ако овие вонземски суштества имаат технологија која не е слична на ништо што ја знаеме на Земјата, тогаш би можеле во јаглен. За потсетување, Груш служел 14 години во воздухопловните сили, а за тајната програма дознал од луѓет кои биле вклучени во истата.