ЦИА поседува снимка како принцот Салман наредува убиство на Кашоги

Турските медиуми тврдат дека американската Централна известувачка агенција (ЦИА) поседува снимка од телефонски разговор на која наводно се слуша како саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, му наредува на својот брат да го убие новинарот Џемал Кашоги, колку е можно побрзо.

Од друга страна Ријад негира дека кралското семејство, вклучувајќи го и престолонаследнкот, е вмешан во убиството на Кашоги.

Турскиот весник Хуријет наведува дека ЦИА дошла во посед на снимка од разговор, кој би можел да биде клучен доказ против Мохамед бин Салман.

Scroll to Top