Цимерите на Епштајн тврдат дека тој бил малтретиран од другите затвореници

Милијардерот Џефри Епштајн бил малтретиран од другите затвореници и стражари во затворот каде што го чекал судењето, сведочат некои од луѓето со кои тој ја делел ќелијата.

Како што пренесува „Њујорк дејли њуз“, Епштајн не ги издржал притисокот и малтретирањето и дека затоа се самоубил.

„Пред да се убие Епштајн го почувствува пеколот“, пишува „Њујорк дејли њуз“, кој направил интервјуа со неколку затвореници од казнено-поправниот центар „Метрополитан“, каде што Епштајн го чекал судењето.

„Говореше дека ќе се убие. Велеше дека му е сеедно. Велеше дека имало некои моќни луѓе што сакаат да го видат мртов“, изјавил еден од затворениците, кој не сакал да го открие името.

Анџелика Лопез е внука на Ефраин Рејес, кој му бил цимер на Епштајн. Таа изјавила дека нејзиниот вујко разговарал со Епштајн. Анџелика вели дека милијардерот бил многу депресивен.

„Не прави ништо додека сум јас со тебе во ќелијата“, му рекол вујко ми на Епштајн додека ја делеле заедно ќелијата.

Според неа, затворските службеници не му дозволувале на Епштајн да го користи креветот и го терале да спие на подот. Тој бил цел на другите затвореници поради неговите пари.

Некои му се заканувале, а други му изнудувале пари за шверц на некои работи што тој ги побарал во затворот. Некои и го измамиле и му зеле 4.000 долари.

„Се обидуваат да ви продадат сè, од телефони преку електроника, подобра ќелија“, изјавил неименуван затвореник.

Некои од нив му поттурнувале белешки под вратата со порака и закани дека ќе го убијат затоа што бил педофил. Иако Епштајн бил при крај со нервите, Рејес се сомнева дека тој се самоубил.

„Мојот вујко постојано зборуваше дека креветите на кат не се доволно високи за да може човек да се обеси“, изјавила Анџелика.

 

Scroll to Top