Црните прогнози на научниците се остваруваат: Во наредните години светот ќе ја премине границата од 1,5 степени затоплување и ништо не можеме да направиме во врска со тоа

Загревањето на нашата планета во наредните неколку години веројатно ќе ја надмине критичната температурна граница, предвидуваат научниците. Објаснуваат дека нема да биде прекршен Парискиот договор, но има причина за загриженост.

Постојат 66% шанси да го надминеме прагот од глобално затоплување од 1,5 степени целзиусови најдоцна до 2027 година. Шансите стануваат поголеми поради емисиите предизвикани од човечките активности и промената на временските модели кои се очекуваат да се случат ова лето.

Ако светот ја надмине границата, научниците нагласуваат дека тоа веројатно ќе биде привремено. Достигнувањето на прагот би значело дека светот за 1,5 степени ќе биде потопол од тоа што бил во втората половина на 19 век, пред емисијата на фосилни горива од времето на индустријализацијата почнале да растат.

Но, пречекорувањето на границата, дури и на само година дена е загрижувачки знак, дека загревањето се забрзува, а не забавува. Цифрата од 1,5 степени Целзиусови стана симбол во глобалните преговори за климатските промени. Земјите се согласиле да продолжат да се обидуваат да го ограничат порастот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови според Парискиот договор од 2015 година.

Надминувањето над границата од 1,5 во наредните години ќе допринесе далеку позабележителни последици од загревањето, како што се подолго топлотни бранови, интезивни бури и шумски пожари.

Од друга страна, преминувањето на поставеното ограничување во некој од наредните години не би значело дека границата на договорот во Париз е пробиена. Научниците велат дека има време да се огрничи глобалното затоплување со наглото намалување на емитувањето емисии.

Од 2020 година, Светската метеоролошка организација (СМО) ги проценува шансите светот да го надмине прагот од 1,5 степени. Тогаш предвидуваа дека постојат помалку од 20% ризик тоа да се случи во наредните пет години.

До минатата година, веројатноста се зголеми на 50 проценти, а сега скокна на 66, па научниците велат дека е поверојатно да се случи. Бројката не е директна мерка за температурата во светот, туку показател за тоа колку Земјата се загреала или оладила во споредба со долгорочниот глобален просек.

Научниците ги користат податоците за просечната температура од периодот помеѓу 1850 и 1900 година како мерка за тоа колку бил жежок светот пред да се ослони на јаглен, нафта и гас.

Со децении верувале дека затоплувањето на светот за околу 2 степени ќе доведе до опасни последици, но во 2018 година тие значително ја ревидираа оваа проценка, покажувајќи дека над 1,5 степени ќе биде катастрофално за светот.

Температурите беа приближно просечни до околу 1950 година, но оттогаш се зголемуваа, редовно надминувајќи 1 степен Целзиусов затоплување во последната деценија.

Во текот на изминатите неколку децении, затоплувањето на светот ја подигна живата, така што во 2016 година, најтоплата година досега, глобалните температури беа 1,28 степени над просекот од прединдустрискиот период.

Сега истражувачите оваа бројка ќе биде надмината, и 98% се сигурни дека рекордот ќе биде соборен пред 2027 година.

„Сега сме навистина блиску до привремено надминување од 1,5 степени и првпат во човечката историја сме толку блиску“, рече професорот Адам Скајф, шеф на долгорочните прогнози во британската Метеоролошка служба, која собира податоци од агенции за временската клима ширум светот.

„Мислам дека тоа е можеби најочигледната и наједноставната статистика што ја имаме во извештајот“, рече тој на прес-конференција.

Истражувачите нагласуваат дека температурите би требало да останат на или над 1,5 степени 20 години за да се каже дека го преминале прагот на Парискиот договор.

„Овој извештај не значи дека трајно ќе го надминеме нивото од 1,5 Целзиусови степени наведени во Парискиот договор, кој се однесува на долгорочно затоплување во текот на многу години“, рече генералниот секретар на СМО, професорот Петери Таалас.

„Сепак, СМО предупредува дека привремено се почесто ќе го надминуваме нивото од 1,5 степени Целзиусови“, рече тој.

Постојат два клучни елементи, првиот е континуираното високо ниво на емисии на јаглерод од човечките активности кои, и покрај падот за време на пандемијата, продолжуваат да растат.

Вториот, критичен дел е веројатната појавата на Ел Нињо, временски феномен со глобални импликации.

Во изминатите три години, Ла Ниња донекаде го ублажи климатското затоплување, меѓутоа, дополнителната топлина што Ел Нињо ќе ја донесе на површината на Пацификот најверојатно ќе ги поттикне глобалните температури на ново високо ниво следната година.

Од друга страна, сè уште има непознати поврзани со почетокот и размерите на настанот.

„Вреди да се напомене дека многу од нашите сегашни прогнози поврзани со Ел Нињо, за кој мислиме дека се развива оваа зима, покажуваат прилично голема амплитуда“, рече на новинарите професорот Скаифе.

„Но, за да ја предвидиме големината или последователниот настан во период од пет години, не можеме да дадеме точни датуми однапред, така што може да значи дека три или четири години од сега ќе дојдеме до Ел Нињо од 2,5 степени“, заклучи тој.

Scroll to Top