Турција и Израел ги повлекле амбасадорите од САД

„Израел спроведува државен терор. Израел е терористичка држава“, изјавил Ердоган пред турските студенти во Лондон во говорот што го емитувала државната телевизија.

Анкара ги повикала своите амбасадори, како од Вашингтон така и од Тел Авив, на консултации, потврдила турската влада кога претседателот Реџеп Таип Ердоган ги осудил насилните убиства во Газа како геноцид.

Турската влада во понеделникот прогласила три дена жалост поради повеќе од 50 загинати Палестинци на границата меѓу Израел и Газа.

Израелските сили за безбедност отвориле оган врз протестантите што се собрале на граничната ограда за да протестираат против преселувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

„Израел спроведува државен терор. Израел е терористичка држава“, изјавил Ердоган пред турските студенти во Лондон во говорот што го емитувала државната телевизија.

„Тоа што Израел го прави е геноцид. Ја осудувам оваа хуманитарна драма и геноцид, без оглед од која страна доаѓа, Израел или Америка“.

„Турција на тоа грубо ќе реагира“, додава Ердоган.

Анкара го осуди масакрот врз Палестинците што го спровеле израелските безбедносни служби додавајќи дека регионалниот и глобалниот мир и стабилноста нема да постојат сѐ додека не се постигне трајно праведно решение за палестинското прашање.

„Силно ја осудуваме одлуката на американската администрација да ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Тоа е кршење на меѓународното право и сите релевантни резолуции на Обединетите нации. Повторуваме, оваа акција е легално ништовна“, изјавиле од турското Министерство за надворешни работи во понеделникот.

Турција исто така во петокот, поради убиствата во Газа, ги повикала на итен состанок лицата од Организацијата на исламската соработка, изјавил заменик-премиерот Бекир Боздаг за агенцијата „Анадолија“.

Стотина протестанти се собрале во понеделникот во Истанбул извикувајќи слогани со кои го осудуваат Израел.

Претходно, во текот на денот Јужна Африка исто така ги повлекла своите амбасадори од Израел по вестите за убиствата во Газа.

Многу други влади ги осудиле акциите на Израел во Газа и одлуката на САД да ја преместат својата амбасада во Ерусалим.

„Франција повторно ги повикала израелските власти да размислат да се воздржат од користењето сила која мора да биде строго пропорционална“, изјавил министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан додавајќи дека одлуката на САД е прекршување на меѓународниот закон.

„Велика Британија останува цврсто на решението со двојна формула во врска со градот Ерусалим да биде заеднички главен град“, изјавила портпаролот на премиерката Тереза Меј.

„Поттикнуваме на смиреност и воздржаност за да избегнеме деструкции за време на мировните преговори“.

„Меѓународната резолуција вели дека статусот на Ерусалим е едно од најважните прашања за целиот мировен процес. Мора да се реши во преговори меѓу Израел и Палестина“, изјавил рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

 

 

 

 

 

Scroll to Top