Од компанијата „Твитер“ ѝ го избришаа профилот на кинеската лекарка Ли Менг Јан, која откри дека коронавирусот е вештачки создаден во лабораторија во кинескиот град Вухан.
Нејзиниот профил беше суспендиран во вторникот кога таа ја обвини Кина за намерно произведување и пуштање на Ковид-19 во атмосферата.
Нејзиниот „Твитер“ не беше активен и во средата, а оние што сакаа да го посетат добиле само порака дека налогот е суспендиран. Официјалната политика на „Твитер“ е дека тие ги суспендираат сите налози што ги кршат нивните правила на работа.
Но, за овој настан од компанијата засега немаат коментар. Гигантот за социјалните медиуми почна да објавува пораки со предупредувачка содржина на твитовите уште во мај.
Тие предупредија дека твитовите што содржат спортни тврдења за коронавирусот ќе бидат отстранети. Засега останува мистерија дали Јан ги прекршила правилата и политиката на „Твитер“, со своите објави.
Во интервју за „Фокс њуз“ таа тврдела дека „Твитер“ ја суспендирал заота што тие не сакаат луѓето да ја дознаат вистината. Јан е поранешен истражувач во училиште за јавно здравје во Хонг Конг. Таа изјави дека Ковид-19 е создаден од човекот, а не од природата.
„Имам докази дека коронавирусот е вештачки создаден. Знам што направија и како тоа го направија“, изјавила Јан за „Фокс“.
„Научниот свет исто така молчи. Работи заедно со кинеската Комунистичка партија и не сакаат луѓето да ја дознаат висината. Поради тоа, јас сум суспендирана, потисната. Јас сум цел на кинеската Комунистичка партија, која има намера да ме ликвидира“, вели Јан.
По емитувањето на емисијата на „Фокс њуз“, Јан исто така ги обвини и луѓето од компанијата „Фејсбук“ за цензура по изјавувањето дека ѝ било забрането да сподели сегменти од своите интервјуа на платформата за социјални медиуми.
Видеоснимката е сегмент од нејзиното интервју објавено на страницата на емисијата на Такер Карлсон. Сега сите што сакаат да го видат добиваат предупредувачка порака дека станува збор за лажни вести. Оваа објава ја повторува информацијата за Ковид-19 дека е лажа вест.
Јан вели дека овие работи се случиле оваа недала откако таа го објавила извештајот во кој се тврди дека нејзината теорија е точна. Кина го создала вирусот во лабораторија.
Некои научници во меѓувреме изјавиле дека нејзиниот извештај е нецелосен и се заснова на неутврдени факти. Тие велат дека тој нема никаков кредибилитет.
Нејзиниот извештај не е објавен во научни списанија и нема рецензија, што значи дека не го провериле и не го одобриле нејзините колеги научници. Овој извештај е објавен и на веб-локацијата Zenodo.
Нејзиното тврдење е во целосна контрадикторност со она на доктор Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, кој претходно оспорувал дека вирусот е направен во лабораторија.
Јан, која тврди дека во април побегнала во САД, претходно работела во училиште за јавно здравје во Хонг Конг, во референтната лабораторија за Светска здравствена организација.
Пред да биде прекината, таа во декември направила истражување и се обидела да ги предупреди сите дека вирусот се пренесува од човек на човек.
Од лабораторијата ги негираа ваквите нејзини изјави и дека Јан направила какво било истражување што покажало дека вирусот се пренесува од човек на човек. Од таму изјавиле дека нејзините тврдења немале никаква научна основа.
Laboratorija je porekla da je Jan ikada „sprovela bilo kakvo istraživanje prenosa sa čoveka na čoveka“ i rekla da njene tvrdnje nemaju „nikakvu naučnu osnovu“.