Уништена вилата на Џефри Епстајн, во која злоупотребувал малолетни девојки

Озлогласената луксузна вила на Флорида, на познатиот милијардер-педофил Џефри Епстајн, во која се случувале разни злоупотреби и подведувања на малолетни девојчиња, е срушена до темел.

Куќата била позната по тоа што внатре била украсена со слики од голи девојки и малолетни девојчиња и била опремена со сексуални играчки.

Програмерот Тод Мајкл Глејез, кој го купил овој имот за 18,5 милиони долари, ја срушил до темел. Тој испратил багери на ова место и сега од неа нема ни трага.

Агентот за продажба на недвижности Лоренс Монс изјавил дека и тој бил вклучен во продажбата, за да се осигура дека оваа куќа повеќе нема да ја има на ниту една мапа во светот.

Новиот сопственик изјавил дека ќе му биде задоволство да ја уништи оваа куќа на педофилот и дека на истото место ќе изгради нова.

Епстајн, кој се самоуби во затворот во Њујорк во 2019 година, беше обвинет за сексуална трговија со малолетни девојчиња. Тој во својата вила на Менхетен и во Палм Бич носел голем број малолетни девојки.

По апсењето, кај милијардерот била најдени стотина експлицитни фотографии со малолетни девојки, а како целиот случај се разрешуваше, со него беа поврзани голем број познати и влијателни личности.

Scroll to Top