Уште повеќе болести, јаз меѓу богатите и сиромашните, климатски промени и конфликти меѓу земјите, е нешто што нѐ чека во наредниот период, е наведено во извештајот „Глобални трендови 2040“, кој го издал американскиот Национален известувачки совет, а кој бил објавен во четвртокот, пренесува „Ројтерс“.
Во извештајот е наведено дека конкуренцијата меѓу Кина и коалицијата од западните земји, предводени од САД, веројатно ќе се интензивира и ќе биде поттикнато од смената на воената моќ, демографските услови, технологијата и зајакнување на поделбите во врска со моделите на управување, e наведено во извештајот.
Регионалните сили и недржавните актери би можеле да имаат поголемо влијание, а веројатните послеици од тоа би биле нестабилна геополитичка средина, склона на конфликти и ослабена меѓународна соработка, се оценува во извештајот.
Извештајот на водечките американски известувачки аналитичари, кој се објавува на секои четири години, го проценуваат политички, економски, општествени и други трендови, кои веројатно ќе ја обликуваат националната безбедност во наредните 20 години.
„Нашата намера е да им помогнеме на оние што ги утврдуваат политиката и граѓаните да се подготват за низа можни иднини“, напишале авторите наведувајќи дека не се изнесени специфични предвидувања и дека во извештајот се опфатени мислења на разни групи.
Има мислења од американски студенти, па сè до африканските активисти за граѓански права. Предизвиците, како што се климатските промени, болестите, финансиската криза и технолошките нарушувања, веројатно ќе се појавуваат сè почесто и поинтезивно во сите региони и земји.
Тоа ќе доведе до распространета преоптеретување на државите и општествата, како и шокови, кои би можеле да бидат катастрофални“, се предупредува во извештајот.
Таму се додава дека пандемијата на коронавирусот, која однела повеќе од 3 милиони животи, претставува најголемо глобално нарушување од Втората светска војна, со последици што ќе траат со години.
Ковид-19, како што е наведено, ги покажало разликите во здравствената заштита и довело до раст на националните долгови, ги забрзало национализмот и политичките поделби, ја разбуди нееднаквоста, ја поттикна недовербата во владите и го нагласи неуспехот на меѓународна соработка.
„Постојат одредени трендови, кои ги утврдивме, кои судејќи, според сè, се забрзуваат или засилуваат поради пандемијата“, изјавил неименуван официјален претставник на NIC, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Во извештајот се изнесени пет сценарија за тоа како светот би можел да изгледа во 2040 година. Во најоптимистичното сценарио, таканаречено ренесанса демократија, демократските влади се покажале способни да ги поттикнат научните истражувања и технолошките иновации.
Тие го забрзуваат економскиот процут, што би им овозможило да се соочат со домашните поделби и да се спротивстават на меѓународните ривали.
Во најпесимистичното сценарио, „трагедија и мобилизација“, се изнесени претпоставките за тоа како Ковид-19 и глобалното затоплување би можеле да ги опустошат глобалните резерви на храна, што би довело до немири во Филаделфија, во кои би загинале илјадници луѓе.