Ватикан и Кина, која поседува 30.000 тони злато, може да ги уништат САД

By

Неодамна медиумот „Вант чајна тајмс“ ја пренесе изјавата на аналитичарот Џин Зихоу, кој го цитира порталот „Дуовеи њуз“ со седиште во Њујорк дека Кина има дури 30.000 тони злато и со тоа може да ја уништи американската валута.

dobivaj vesti na viber

Имено, како што пренесува порталот, никој не знае колку злато собрала Кина од 1983 до 2003 година. Според нивните пресметки, таа количина би можела да стигне и до незамисливи 25.000 тони.

Како што проценува „Блумберг“, количината злато што ја поседува Народната банка на Кина од 2009 година можеби двојно се зголемила, а тогаш Кина службено пријавила дека поседува 1.054 златни резерви. „Блумберг“ претпоставува дека Кина сега има 3.410 тони злато и така станала втора земја на светот по резерви, веднаш зад Соединетите Американски Држави, кои имаат нешто повеќе од 8.122 тони.

„Кина со 30.000 тони злато може да го уништи доларот“

Некој од читателите на текстот во коментарите предупредил дека се работи за преголема количина злато, што е точно и не се знае од каде водителот на истражувачкиот портал GoldMoney Alasdair Macleod ги има тие податоци.

Во коментарот стои дека се проценува оти вo целата човечка историја сe извадени околу 171 илјади тони злато. Од тие речиси 50 отсто, односно 84.000 тони, се заробени во облик на уметнички дела, накит или завршиле во приватна сопственост. Следните 12 отсто, односно 21 илјада тони, се најдоа во индустријата, а во облик на инвестициско злато завршиле најмногу 19 отсто, односно 33.000 тони и тоа е злато во сопственост на големите банки, фондовите и така натаму. На крајот, само 17 отсто, односно едвај 30.000 тони, се наоѓаат под контрола на банките во разни држави, а во 2 отсто, односно 4.000 тони, се водат како непознато, исчезнато, непресметано.

Кога сме кај златото и количината што во текот на историјата е извадена, интересна е книгата од италијанскиот автор Клаудио Рендина, „Златото на Ватикан“, која ја препорачуваат познати критичари што пишуваат за весници, како што се „Кориера дела Сера“, „Ла Република“ или списанијата „Панорама“ и „Л’Еспресо“.

„Најголемиот сопственик на златни шипки во изминатите 1000 години е Римокатоличката црква. Таа контролира околу 60.350 тони злато, двојно поголема количина од вкупните службени златни резерви во светот, или околу 30,2 отсто од вкупното злато. Според моментните цени, може да се направи процена на неговата вредност, а таа изнесува над 1.245 милијарди американски долари“, пишува Клаудио Рендина.

„Денеска Римокатоличката црква во бројки ја врати доминантна положбата во злато што го стекнала за време на падот на Светото Римско Царство, околу 1100 година, фаза во која Ватикан имал под своја контрола нешто помалку од 30 отсто од вкупното светско злато. Во последните 1.000 години Римокатоличката црква ја презеде доминантната улога, која ѝ овозможи да го контролира пазарот на злато во светот, што резултира со тоа што во 14 век поседувала повеќе од 50 отсто од златото, а во 17 век имала контрола над 60 отсто“, пишува во книгата „Златото на Ватикан“.

„Тоа богатство како целина било разделено на многу страни. Најмногу завршило во Американските федерални резерви. Најважните приватни резерви се непријавени и тие се непознати, но се чини дека се наоѓаат во земјите на Западот и на прв поглед тоа е поврзано со најважните приватни резерви на најстарите приватни банки и финансиски компании во Европа. Тоа може да бидат и приватни резерви со кои се управува директно од Ватикан“, пишува Рендина.

„Како Италијанец ми доаѓа спонтана помислата дека со целото злато што го поседува Ватикан може да се намират сите долгови, а од остатокот може да се прехрани целата нација и да се задоволат сите нејзини потреби. Божјиот збор, според Евангелието според Лука 9:25, гласи: ‘Која е радоста за човекот да го поседува целиот свет ако на крајот изгуби и се уништи себеси?’“, стои во рецензијата на книгата што  ја објави италијанскиот блог што ги следи скандалите на Римската курија.

Незамисливата количина од над 60.000 тони злато, за кои Рендина тврди дека се во сопственост на Ватикан, звучи неверојатно исто како и кинеските 30.000 тони. Но, сепак, поради тоа што книгата е на удар на голем број критичари, би требало да се види начинот на кој Рендина дошол до ваквите податоци.

 

 

Ќе ви се допадне