Ватикански ревизор: Добив отказ затоа што открив огромни измами, ме шпионираа

Првиот ватикански главен ревизор, кој во јуни без објаснување поднесе оставка, го прекина молкот и објави дека бил присилен да отстапи под притисок на обвинувањата откако открил докази за можни противзаконски активности.

Разговарајќи со новинарите од четири медиумски организации, вклучувајќи ја и „Ројтерс“, во канцеларијата со своите адвокати во Рим Либеро Милоне изјавил дека верува дека некој во Ватикан сака да ги забави настојувањата на папата Фрањо за спроведување на финансиските реформи.

Поединости за неправилностите кои ги разоткрил, како што тврди, не е во можност да открие поради договорот за тајност на податоците. „Ројтерс“ не успеа независно да ги потврди неговите обвинувања, кои Ватикан ги отфрла.

Заменик државниот секретар на Светата столица, надбискупот Џовани Ангело Бециу (Angelo Becciu), вели во интервју за „Ројтерс“ дека обвинувањата на Милоне се лажни и неоправдани.

„Одел против сите правила и ги шпионирал приватните животи на своите надредени и вработени вклучувајќи ме и мене“, изјави Бециу.

„Да не прифатеше да поднесе оставка, веројатно ќе го тужевме“.

Првиот човек на ватиканската полиција, Доменико Џиани, изјави за „Ројтерс“ дека постојат „прецврсти докази“ против Молоне. Ни Бециу ни Џиани не понудиле детално објаснување за своите тврдења.

Милоне го напушти Ватикан пред две години за да се воведе поголема транспарентност во повременото нејасно финансирање на Римокатоличката црква.

Во време на поднесувањето на оставката, на три години до истекот на договорот, ни Ватикан, ни Милоне, поранешниот претседател на управата и извршниот директор на глобалната сметководствена компанија „Делоит“ во Италија не дале никакво објаснување за неговото заминување. Ватикан во соопштението само откри дека станува збор за „договорена одлука“.

Милоне, кој претходно работел во Обединетите народи и за автомобилскиот гигант „Фиат“, тврди дека Бециу утрото на 19 јуни му наредил да поднесе оставка. Му било речено да отстапи од темелната седуммесечна истрага на ватиканската полиција.

„Доказите кои тоа утро на 19 јуни ми беа подметнати беа лажни и фабрикувани“, истакна Милоне.

„Бев шокиран. Појаснувањата не беа веродостојно втемелени“.

Бециу и Џиани истакнуваат дека на Милонеу му бил понуден избор, да си поднесе оставка или ќе се соочи со јавно обвинение од ватиканските судови.

„На одреден начин, ја штитевме неговата репутација“, појасни Бециу.

Милоне вели дека го обвиниле за злоупотреба на средствата затоа што ангажирал надворешна компанија за компјутерска безбедност во уредите на Ватикан, во кои работел со уште 14 лица, вклучувајќи и двајца свои заменици.

Во документот со кој ватиканското обвинителство одобрува претрес на уредот, на денот на неговата оставка, кој адвокатите на Милоне го покажаа на новинарите, стои дека  спровел истрага јасно кршејќи го статутот на својата служба и без одобрение се занимавал со работите на високопозиционираните членови на Црквата.

Милоне вели дека тоа се однесува на неговата истрага околу можниот конфликт на интереси со еден од италијанските кардинали, чие име не сакал да го открие. Неговата истрага не открила ништо, но Милоне тврди дека бил уверен дека бил казнет поради тоа што воопшто ја покренал истрагата.

Неговите проблеми започнале на 27 септември 2015 кога се посомневал дека некој неовластено влегол во неговиот компјутер.

Контактирал со надворешната компанија да ги провери надзорните уреди, кои, пак, откриле неавторизиран пристап во неговиот компјутер.

„Ројтерс“ не успеал независно да потврди за која компанија станува збор, ниту каков бил заклучокот од нејзината истрага.

Милоне утврдил дека по 12 часа испитување во ватиканската полиција, одлучил да потпише писмо за оставка за да ги заштити своето семејство и репутација.

На прашањето зошто чекал три месеци за да ја раскаже својата страна од приказната, изјавил дека му треба време да размисли и да пушти работите да легнат малку.

На средината на септември писмено му објаснил се на папата, но овој не му одговорил.

Бециу изјавил дека папата знаел за истрагата и доказите против Милонеа пред да му било кажано да се откаже.

 

 

Scroll to Top