Велат дека Земјата е шуплива и во нејзината внатрешност живеат вонземјани!

Сè помногубројна е заедницата на шуплоземјаните, односно заговорниците на теоријата дека Земјата е шуплива и дека во нејзината средина живеат супериорни суштества сметајќи ги и оние што управуваат со таканаречените НЛО.

Постои цела заедница на луѓе што веруваат дека во шуплестата утроба на Земјата постои рајска градина и дека ја населиле вонземјански суштества преземајќи ја на себе улогата на чувари на планетата, кои ги надгледуваат Земјаните, за да не се уништат или истребат преку активација на нуклеарното оружје“, наведува британскиот весник „Дејли мејл“.

Еден од водечките заговорници на оваа псевдонаучна теорија е Родни Клаф, кој тврди дека проектот на шуплоземјаните има над илјадници следбеници и дека нивниот број непрекинато расте.

Оваа група луѓе веруваат дека ист е случајот и со Месечината и другите планети.
Тие тврдат дека вонземјаните, всушност, жителите на Земјата, се скриени во нејзината средина и дека редовно ги шпионираат луѓето на Земјата, кои живеат на површината, преку НЛО-објектите.
„Повеќето НЛО доаѓаат од нашата планета“, тврди Клаф.

 

 

Scroll to Top