(Видео) Албанец од Македонија бил учесник во терористичкиот напад во Виена

Виенец со албанско потекло од Северна Македонија бил дел од терористичкиот напад што се случи вчера во Виена, пренесува српски Курир, повикувајќи се на австрискиот магазин „Фалтер“.

Главниот и одговорен уредник на „Фалтер“, Флоријан Кленк, тврди дека се работи за Куртин С. роден во 2000 година во Виена, каде што пораснал. Тој има албанско потекло, а неговите родители се од Северна Македонија и немаат никаква врска со исламизмот, напишал Кленк на „Твитер“.

Тој навел дека момчето кое убило четири лица и беше убиено од полицијата ѝ било познато на Службата за борба против тероризмот BVT, затоа што било еден од 90-те австриски исламисти кои се обиделе да отпатуваат во Сирија.

Кленк тврди дека Куртин во јули бил спречен во обидот да замине на боиштата во Сирија.

„Властите не веруваа дека тој би можел да го испланира терористичкиот напад“, додал Кленк.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, потврдил дека утрото е убиен терористи кој бил симпатизер на Исламската држава, без да наведе детали за инцидентот.

(Видео) Терористички напад во Виена, седумина мртви

Scroll to Top