(Видео) Американец бил убеден дека снимил НЛО на Флорида

By

Вилијам Фуентес од Флорида тврди дека снимил два необични објекта на подрачјето на Палм Коуст на Флорида. Тој тврди дека двата светлечки објекта кои ги снимил летале со неверојатна брзина. Вели дека исчезнале од небото, откако почнал да снима.

Бројот на пријави за наводни НЛО во САД пораснал минатата година. Според официјалните податоци за 2020 година, имало повеќе од 7.200 пријавени чудни појави на небото, за кое се верувало дека се НЛО.

Многумина исто како и Вилијам се убедени дека е во прашање НЛО, откако ја погледнале снимката на социјалните мрежи.

Видеото е објавено неколку дена откако поранешно официјално лице од Пентагон, Луиз Елизондо, изјавил дека американската влада не сака јавноста да знае за какво било НЛО.

За потсетување, американското Министерство за одбрана пред две недели потврди дека снимките и фотографиите кои неодамна се појавија во јавноста и на сајтовите кои ги следат неидентификуваните летечки објекти, се автентични и дека истите биле забележани од страна на екипажот на бродот „Расел“, на брегот на Сан Диего во јули 2019 година.

 

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream hunter x hunter: Dr. Stone (https://wcostream.cc/m/JbWM) Episode 24

GoGoAnime go go anime: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 13 (https://gogoanime.be/m/MWP9/ep-13)