(Видео) Американската морнарица потврди дека снимила три НЛО објекти

By

Американската морнарица ја потврдила автентичноста на видео-снимката која ја направиле нејзините пилоти, а која се однесува на средба со непознати летечки објекти (НЛО). Овие снимки се направени во периодот од 2004 и 2015 година, објавил „Њујорк тајмс“ во 2017 година.

Морнарицата на САД тврди дека на снимките се гледаат необјасниви воздушни феномени, со напомена дека не би требало да бидат објавени во јавност. Снимките кои денес се достапни на „Јутјуб“, покренаа лавина на теории на заговор за постоењето на вонземјани.

Снимките се наречени FLIR 1, Gimbal и GoFast. На нив се прикажани две ситуации во кои пилотите на морнарицата на САД, се сретнуваат со непознати летечки објекти.

Едната од снимките е направена во 2015 година, над источниот брег на САД. Ја снимил пилот на авионот од типот F-18. Другите две се снимени во 2004 година, над Пацификот, недалеку од брегот на Калифорнија. На нив се слушаат и пилотите на авионот од типот F-18, како расправаат за непознатите објекти.

Џозеф Грејдишер, портпаролот на морнарицата, за порталот „Блек волт“ изјавил дека армијата на објекти во тие снимки, означува неидентификуван воздушен феномен. Пентагон признава дека овие објекти не може да се идентификуваат, ниту да се објасни нивната појава.

Надлежните тврдат дека снимките не требало да бидат пуштени во јавност. Пентагон во јуни, ги известил сенаторите за снимките со НЛО, а претседателот на САД, Доналд Трамп, во едно од своите интервјуа на 16 јуни, потврдил дека бил известен за овие настани. И тој како и многумина се сомнева дека станува збор за вонземјани.

Ќе ви се допадне