(ВИДЕО) „Армата“ тенкот не може да го пробие ниту еден противтенковски проектил

By

РУСКАТА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА ФОРСИРАНО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СЕРИОСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СВОЈОТ „ТЕНК НА ИДНИНАТА“

Поточно станува збор за сериското производство на супертенкот „Армата“.

Тој тенк во добра мера се произведува и склопува во познатата воена фабрика „Uralvagonzavod“. Нејзиниот произведувач за својот „тенк на иднината“ штотуку објави:

„Тоа е суштински нов и целосно домашен тенк. Се заснова на конструктувни решенија кои се без преседан. Пример, неговата купола, целосно е без екипаж. Оклопот „Армата“, е во состојба да издржи погодок од секој денешен постоечки противракетен проектил“.

Од фабриката посебно укажуваат:

„Не е случајно што е непробоен. Нашиот тенк има моќна активна и динамична заштита, располага со ракетен модел кој се управува од далечина. Има моќен топ со автоматско полнење“.

„Армата“ е отпорен и на противтенковски мини.

Ист е случајот и со нејзината „сестра“ – тешко оклопно возило на пешадијата, кое е најзаштитен од овој вид на возила во светот. И конструкцијата, која ја носи на себе, ја штити од најмоќните проектили и мини.

И „Армата“ и неговата „сестра“, имаат целосно дигитализирана опрема.

Ќе ви се допадне