(Видео) Астероидот Бен може да го даде одговорот за почетокот на животот на Земјата

Астероидот Бен може да го даде одговорот за почетокот на животот на Земјата, велат од Американската вселенска агенција, НАСА.

Од НАСА испратиле летало на површината на астероидот и собрале парчиња примероци кои потекнуваат од почетокот на нашиот Сончев Систем.

Астероидот Бен би можел да ги даде одговорите за почетокот на животот на Земјата, пренесува „Ројтерс“. Механичката рачна сонда „Озирис Рекс“, е долга 3,35 метри и има собрано примероци во близина на Северниот Пол на астероидот, велат од НАСА.

Операцијата во траење од 16 секунди побарала висока прецизност, а успешно е извршена на оддалеченост од 330 милиони километри од Земјата.

„Мисијата беше спроведена совршено. Вечерва испишавме историја“, изјавил шефот на целата операција, Данте Лорет, неколку минути откако сондата направила контакт со астероидот.

Сондата во текот на денот ќе испрати слики од колекцијата на примероците, за научниците да утврдат колку материјали се собрани и дали е потребен уште еден обид за собирање на примероците. Ако се утврди дека мисијата била успешна, сондата ќе се врати на Земјата.

Нејзиното слетување на Земјата се очекува да се случи во 2023 година. Сондата е долга шест метри, а истата кружела околу астероидот Бен, кој се наоѓа на повеќе од 100 милиони километри од Земјата, од крајот на 2018 година. За овој период таа се подготвувала да слета на него.

Во текот на мисијата, од НАСА откриле дека астероидот Бен на себе носи вода и траги од органски материјал со кој би можел да посее живот низ вселената.

Научниците од НАСА претпоставуваат дека примероците земени од астероидот носат материја која досега не е забележана на ниту еден астероид и дека органските материјали најдени на него можат да укажат на примитивна биологија во универзумот.

Минатата година Јапонија  со својата сонда „Хајабус 2“ успешно собрала мала количина на прашина од друг астероид, Рајуг  во моментов се наоѓа на пат назад кон Земјата.

Scroll to Top