(Видео) Астрономи веруваат дека ја откриле првата Црна дупка која патува низ вселената

Астрономи веруваат дека за првпат откриле црна дупка која патува низ вселената. Самите црни дупки по дефиниција се невидливи, дури ни светлината не може да ја избегне нивната интензивна гравитација. Само во последните неколку години телескопот Event Horizon успеал за првпат да направи фотографија од една ваква црна дупка.

Светлината што се гледа на фотографиите е всушност дикс од жежок гас и материјал кој кружи околу работ на самата црна дупка.

Понекогаш црните дупки се очигледни затоа што една или повеќе ѕвезди кружат околу нив, како што тоа е случајот со супермасовната црна дупка во центарот на Млечниот Пат. Но, научниците веруваат дека постојат стотина милиони црни дупки кои лебдат низ изолираните агли на вселената.

Сега тим на астрономи го документирале она што може да се нарече неутронска ѕвезда или црна дупка која патува низ вселената, а која е покриена со неизбежна сила од сопствената гравитација.

„Ова е првата црна дупка која патува или неутронска ѕвезда откриена со гравитациска микро леќа“, рече професорката по астрономија Џесила Лу од Универзитетот во Калифорнија во Беркли.

„Со микролеќи сме во можност да ги испитаме овие осамени, компактни објекти и да ги измериме. Мислам дека отворивме нов прозорец за овие темни објекти, кои не можат да се видат на ниту еден друг начин“, рече таа.

„Колку и да сакаме да кажеме дека дефинитивно станува збор за црна дупка, сепак мораме да ги разгледаме сите можности. Тоа вклучува и црни дупки со помала маса, а можеби дури и неутронски ѕвезди“, рече Лу.

Ова небесно тело, според моменталните проценки, е со соларна маса од 1,6 до 7,1, велат експертите. Ниската маса можеби значи дека објектот би можел да биде неутронска ѕвезда. Ако се утврдидека масата е поголема, станува неспорно дека е црна дупка.

Астрономите на овој објект му го дадоа името MOA-2011-BLG-191 i OGLE-2011-BLG-0462 (или скратено OB110462). Тој е оддалечен 5000 светлосни години од Земјата и засега нема никаква причина за грижа дека може да се доближи.

 

Scroll to Top