(Видео) Астрономите снимија црна дупка како проголтува ѕвезда оддалечена 215 милиони светлосни години

Астрономите снимија црна дупка која проголтува ѕвезда оддалечена 215 милиони светлосни години. Тие велат дека црната дупка која проголтува една ѕвезда е една од најнеобичните космички настани. Се работи за ѕвезда што била оддалечена 215 милиони светлосни години.

Астрономите биле алармирани за интезивната блескава светлина, која била видена на оддалеченост од повеќе од стотина милиони светлосни години, непосредно пред деловите од ѕвездата да исчезнат во црната дупка.

Ѕвездата била уништена од силната гравитација во процесот познат како шпагетификација. Овој настан познат со името AT2019 прв го забележал астрономот Мет Никол од Универзитетот во Бирмингем заедно со својот тим. Тие го проучувале со месеци.

Речиси е невозможно да се предвидат вакви настани и можно е да се снимат и забележат само со постојано набљудување на небото и со извесна доза среќа, пишува „Раша тудеј“.

Кога масовните ерупции, како овој настан, ќе бидат забележани, астрономите реагираат многу бргу насочувајќи ги телескопите во неговиот правец, како што е соѕвездието Еридан.

„Веднаш ги насочивме повеќето телескопи, и оние шот ги имаме на Земјата и оние во вселената. Ги насочивме во насока кон ѕвездата за да видиме кој е изворот на толку силната светлина“, вели астрономот Томас Веверс од Универзитетот „Кембриџ“.

Овој настан е снимен во разни светлосни должини, од ултравиолетав спектар, преку радио, оптички и телескоп со Х-зраци.

Светлината што ја емитувала ѕвездата при нејзиното уништување била толку силна што ја надминала светлината од самата галаксија од која доаѓа.

Научниците утврдиле дека се работи за ѕвезда која во еден момент била со големина на нашето Сонце, а тогаш почнала да ја губи масата, која ја проголтала црната дупка. Црната дупка била околу милион пати поголема од ѕвездата.

Ова е првпат астрономите да видат и да проучат ваков настан, кој досега бил само теоретски објаснет. Научниците утврдиле дека во текот на уништувањето на ѕвездата во космосот биле исфрлени облаци прашина со брзина од 10.000 километри на час.

Тоа ги објаснува претходно оптичките и радиоемисии, кои астрономите ги забележале со проучувањето на црната дупка, но останале неистражени.

Scroll to Top