(Видео) Чаушеску и сопругата не биле егзекутирани, тврдат теоретичари на заговор

Голем број теоретичари на загвор тврдат дека поранешната романска претседателска двојка Николае Чаушеску и неговата сопруга Еелена не биле вистински егзекутирани во 1989 година. Тие споделуваат видео од нив како стануваат откако биле стрелани.

За некои тоа биле статисти кои глумеле и сакале да го доловат вистинскиот момент за тоа како изгледало убиството пред камерите. Но, многумина прашуваат од каде им била позната облеката која ја носеле.

За потсетување, Николае Чаушеску ја водеше Романија од 1965 до 1989 година. Беше диктатор што го угнетуваше својот народ, кој на крајот се дигна против него. Голем број граѓани изглеоа низ улиците на Букурешт со барање тој да се повлече.

На крајот на 25 декември на католичкиот Божиќ во 1989 година со сопругата Елена беше застрелан по судењето. Јонел Бојеру беше еден од тројцата кој пукаше во нив.

Неговиот гроб официјално не постои, а на гробницата каде што се погребани стојат имиња на двајца генерали со датумот на смртта. Државата ги отфрли барањата на семејството, остатоците да бидат пренесени во мавзолеј или црква и нивниот гроб да биде обележан.

Местото каде е застрелан парот Чаушеску во Трговиште денес е отворено за туристи, а  славењето на Чаушеску во медиумите е забрането со закон.

Scroll to Top