(Видео) Чудна светлина ги исплаши жителите во Акапулко

По силниот земјотрес што синоќа ја погоди областа во близина на пацифистичкото мексиканско летувалиште Акапулко, на небото се појави чуден феномен. Силна светлина ги исплаши тамошните жители, соопштиле од американската геолошка служба УСГС.

Земјотресот се почувствувал и во главниот град Мексико Сити, кој е оддалечен од местото околу 300 километри. Биле измерени 7,4 степени според Рихтер, а од УСГС велат дека се работело за многу плиток земјотрес, кој се случил на 12,5 километри под површината на Земјата.

Тоа велат го зголемило ефектот на потрес. На снимките се гледа и сина светлина, за која надлежните немаат одговор за што станува збор. На некои места на социјалните мрежи се појавија информации дека станува збор за експлозија на електрични далноводи.

Можно е и да се работи за природен феномен, кој се појавува кај силните земјотреси, велат некои од сведоците. Кога тектонските плочи се удираат една во друга, низ вертиланите расцепи се создава електричен набој, кој може да патува кон површината и во интеракција со атмосферата да создаде светлина, објаснуваат некои експерти.

Scroll to Top