(Видео) Десет теории на заговор што фрлаат сенка на тоа што навистина се случило на 11 септември и рушењето на кулите близначки

На 11 септември во 2001 година членови на Ал каеда киднапираа четири американски авиони и извршија напад врз неколку цели во САД. Два од авионите удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, попознати и како кулите близначки.

Третиот авион се урна во зградата на Пентагон крај Вашингтон, а четвртиот се урна во Пенсилванија кога патниците им се спротивставиле на киднаперите.

Тој ден вкупно починаа 2.983 лица. Сепак, која е вистината за тоа што навистина се случи тој ден, за многумина останува мистерија.

За дел од теоретичарите на заговор, 10 суштински прашања за тоа кој стои зад овие напади и по 19 години, останува мистерија. Многумина сметаат дека соопштенијата од официјалните лица и институциите не ја откриваат вистината и дека зад овие настани се кријат многубројни заговори.

10. Дали просечните и лошите пилоти воопшто можеле да управуваат со толку моќни авиони?

Многубројни прашања се поставуваат за способноста на терористите да управуваат со авионите што удрија во кулите близначки и Пентагон. Не се работи за мали авиони, туку огромни патнични млазњаци. Разни телевизии преку стимулатор се обиделе да укажат колку е тешко тоа.

Се покажало дека неискусните пилоти не биле во состојба да ги насочат големите патнички авиони, да удрат точно во целите, особено ова се однесува на летот 77, кој го погоди Пентагон, затоа што дури и искусни и професионални пилоти имале проблеми со управувањето.

Тренерот на пилотот од Сан Диего, Рик Гарза, ги учел терористите да летаат. Иако користел мали авиони, со еден мотор, не можело да ги пушти да поминат, туку ги замолил да го напуштат курсот затоа што биле неспособни.

9. Одговор на НОРАД

Со оглед на тоа дека Северноамериканската противоздушна одбрана (НОРАД) располага со најсофистицираниот противоздушен систем на одбрана во светот, разбирливо е зошто некои луѓе се прашуваат како ниту еден од четирите авиони не биле пресретнати од ловци, стационирани во блиската воздушна база „Ендрјус“.

Ова е клучната работа за голем број истражувачи, кои се прашуваат како е дозволено да се случи киднапирањето. За некои е незамисливо властите да не ги подигнале пресретнувачите, особено ако биле свесни дека работите не се одвиваат во посакуваниот правец.

Тие биле свесни за состојбата добри 30 минути пред првиот авион да се сруши во Светскиот трговски центар.

За споредба, тие постојано биле подготвени за полетување на пресретнувачите. Само во 2000 година нивните такви авиони полетале 129 пати. Исто така, треба да се напомене дека не е потребно многу за пресретнувач да биде испратен во воздухот.

Ако авионот и најмалку се помести од планираниот курс или ако контактот е изгубен на само неколку минути, веднаш се испраќаат борбените авиони. Ако постои и најмал сомнеж дека се работи за некаков проблем со киднапирање или бомба, за ваквата ситуација веднаш се алармира.

Но, и покрај тоа, на 11 септември пресретнувачите не полетале или барем не полетале на време.

8. Тврдење за експлозии и бомби

Постојат многубројни теории според кои близначките се срушени со контролирана експлозија. На социјалните мрежи редовно се појавуваат видеоснимки што ги докажуваат ваквите тврдења. Но, не се работи за ново тврдење. Речиси веднаш по рушењето, некои луѓе тврделе дека слушнале експлозии во внатрешноста на зградите. Дури некои пожарникари, кои биле на самото место, го тврделе тоа во нивните изјави за медиумите.

Јасно е дека во тоа време владеела голема конфузија. Лицето за кое се верува дека е одговорно за теријата на контролирано рушење е Дејвид Ростчек. Кога го видел рушењето на телевизија, тој на интернет изјавил дека ова изгледа како контролирано рушење и ако не слушнат нешто повеќе за тоа во следните неколку дена, тогаш нешто навистина е проблематично во целата ситуација.

Тврдењето за ексползијата и бомбите постојат и во случајот на Пентагон. Април Галоп работела во Пентагон и била внатре во зградата со својот помлад син. Таа не ги криела своите тврдења дека слушнала експлозија, слична на детонација на бомба, која ја потресла зградата.

Неколку минути кога тоа се случило, таа излегла боса од зградата, низ дупка, која наводно ја направил огромниот патнички авион. Но, таа не ги видела остатоците од леталото, ниту телата на патниците ниту нивниот багаж. Била толку убедена дека целата официјална приказна е лага, па дури и се обидела да ја тужи владата на САД (во случајот „Галоп против Чени“). Нема ни потреба да се нагласува дека таа се соочила со многубројни напади поради нејзиното неамериканско однесување.

7. Говорот на Доналд Рамсфелд на 10 септември

На денот пред нападот на 11 септември тогашниот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд, објави дека ќе дојде до големи резови во Пентагон за да се ослободат милиони долари за оружје и операции. Со тоа и тивко призал дека не е познато каде исчезнале 2,3 трилиона долари.

Утврдено е дека Пентагон ќе дејствува ефикасно и дека полесно ќе влезе во трага на исчезнатите пари. Дури изјавил и дека старите и неефикасни системи на пресметување, кои ја следеле секоја владина одбранбена трансакција, ќе се преправи за споделувањето на информациите да биде полесно и попрецизно.

Според националните и меѓународните медиуми, Рамсфелд изјавил дека не го напаѓа Пентагон, туку дека прави сè за да го ослободи. За помалку од 24 часа подоцна, Пентагон повторно е во вестите како трета цел на терористите.

6. Избришани системите за пресметка

Можеби со гореспоменатиот говор на Доналд Рамсфелд работите стануваат уште посомнителни поради фактот дека целиот хардвер (како и сите белешки што таму биле складирани) се наоѓал баш на местото во кое се удрил Летот 77.

Штетата била толкава што сите белешки биле целосно уништени и ништо не можело да се врати назад. Со оглед на тоа дека и самиот Рамсфелд навел дека на 2,3 трилиона долари им е изгубена трагата, тие пари теретски исчезнале во чадот на 11 септември 2001 година.

Оние што веруваат во тврдењата за црни фоднови и финансирања, кои официјално не постојат, не можеле да не забележат дека 2,3 трилиона долари станале достапни за властите да ги потрошат и да ги вложат каде што сакаат.

Каде исчезнале трилиони долари за кои и самиот Рамсфелд говорел еден ден пред нападот? Јасно, за ова нема докази, сè е само шпекулација. Но, тоа е и смислата на црните фондови.

Но, несомнено, факт е дека 2,3 трилиона долари засекогаш останаа загубени внатре во системот по трагичниот настан кај Пентагон.

5. Втората теорија во врска со Летот 77

Хани Хањор, личноста што наводно управувала со Летот 77, наводно не била во состојба да управува и толку прецизно да удри со авионот во Пентагон, особено не под тој агол за да нанесе толкава штета.

Само неколку недели пред нападот од официјалните лица во воздушната кула во Мериленд сакале да проверат дали Хањор навистина имал пилотска дозвола кога се обидел да изнајми помал авион. Тие инсистирале да направат пробен лет.

Еден од инструкторите изјавил дека Хањор, едноставно не бил во состојба да пилотира, па одбиле да му го изнајмат авионот.

Освен тоа, телефонските повици од Летот 77, само неколку минути пред падот, наводно биле лажни. Некои веруваат дека повиците се создадени со технологија што ги менува гласовите. Приказните за тоа што навистина се случило со правите патници се разликуваат.

Некои од нив велат дека патниците добиле нови идентитети, па до тоа дека, едноставно се погубени. Колку и да звучат луди овие теории на заговор, во нив не веруваат само налудничави теоретичари на заговор. За нив во своите настапи говорат и многубројни академици, научници, поранешни војници и известувачи, кои одбиваат да поверуваат во официјалната верзија.

4. Тврдење за проектилите

Уште едно тврдење за нападот на Пентагон е поткрепено со теориите изнесени од страна на вработената во Пентагон, Април Галоп. Пензионираниот генерал Алберт Н. Стаблебајн III изјавил дека може да докаже оти авионот не е тој што ја погодил зградата на Пентагон.

Алберт јавно проговорил за своите тврдења, иако на почетокот и самиот тој поверувал во официјалната верзија на приказната. Подоцна се премислил кога детаљно го анализирал нападот на Пентагон.

Потоа почнал да го открива она за што верува дека е прикривање на вистината со монументални пропорции. Стаблебајн тврди дека во врска со Пентагон биле исклучени сите камери, освен една. Властите во јавноста пуштиле пет слични фирми, кои наизглед прикажуваат како авионот удира во зградата.

Стаблебајн тврди дека снимката всушност го прикажува проектот, но дека сликите се изменети. Дали тоа било бомба што ја слушнала Април Галоп?

Постојат тврдења дека за време на нападот биле исклучени PVO-системите за Вашингтон. Други тврдат дека ги слушнале зборовите: „Пентагон е погоден со проектил!“

3. Летот 93 и белиот авион

Авионот на кој често се заборава во расправите за нападите на 11 септември е Летот 93. Конкретно, како истиот тој завршил на земјата? За време на божикниот говор на војниците стационирани во Багдад во 2004 година, Доналд Рамсфелд признал дека тој авион бил срушен од страна на американските ловци. Теоретичарите на заговор веднаш се нафрлија на оваа изјава на Рамсфелд, а официјален Пентагон, едноставно изјавил дека политичарот лошо се изразил.

Официјалната приказна тврди дека самите патници ги совладале терористите, но дека за време на борбата авионот се срушил во полето во Пенсилванија. Но, речиси веднаш се појавија шпекулации дека авионот бил срушен од страна на воени американски пилоти.

За да биде работата почудна, мистериозниот бел авион бил виден како кружи над Белата куќа, малку пред да бидат погодени Пентагон и кулите близначки.

Џон Кинг, дописник од Белата куќа, за Си-ен-ен изјавил дека воздушниот простор над Белата куќа е забранет за прелети на цивилни авиони. Тоа е забрането подрачје, изјавил тој.

Потоа додал дека тајната служба била загрижена поради ваквите негови изјави.

Дали тој мистериозен авион е Летот 92, кој потоа го напушта воздушниот простор над Вашингтон, засега не е познато. Исто така, не се знае од каде дошол, каде одел ниту, пак, кој сè бил во него.

2. ЦГИ-технологија 

Сигурно на интернет досега сте наишле на многубројни примери како со помош на ЦГИ-технологијата се создаваат илузии штио изгледаат како вистински. Можеби тоа сте го виделе на видеото, кое ја покажува снимката од вториот авион како удира во јужната кула.

Во тврдењето кое е бизарно, исто колку што е и фасцинантно (во смисла дека потребна е огромна технологија за да се постигне такво нешто), поранешниот пилот на ЦИА, Џон Лир, тврди дека ниту еден авион не ги погодил кулите близначки и дека сето тоа било ЦГИ-илузија, темпирана авионот да ги погоди кулите во моментот кога се случуваат експлозиите. Неговото тврдење главно е критикувано и обично се отфрла без размислувањ

1. Физички аргумент

Како и ЦГИ-видеоклиповите, на социјалните мрежи кружат и тврдења за тоа дека горивото на млазните мотори на авионите не може да ги стопат челичните греди на зградите. Тоа се однесува на тврдењето што многумина го отфрлаат, а кое гласи дека рушењето на кулите близначки е последица на интезивната топлина поради запаленото гориво.

Дури и тоа да се случило, тие тврдат дека сигурно не би се случило двапати по ред. Дури и некои експерти за градежништво веруваат дека рушењето на кулите близначки и зградата 7, која се срушила нешто подоцна, е резултат на контролирана експлозија и бомба што однапред била поставена на потпорните греди на зградите.

Јасно, постојат и контрааргументи за сите овие тврдења. Исто како што некои веруваа дека до топењето на гредите е невозможно да се дојде преку експлозијата, исто така можно е тие доволно да ослабат за да ја загрозат стабилноста на градбата.

Scroll to Top