Девојката на поранешниот американски милијардер и педофил Џефри Епштајн, Гилејн Максвел, ја глумела британската кралица Елизабета Втора покрај актерот Кевин Спејси за време на својот престој во Бакингемската палата.
Таа е снимена како седи на кралскиот престол покрај Спејси. Се појавија и фотографии на кои е прикажана Максвел како седи во свечениот црвен стол додека Спејси се смешка и се преправа дека е војводата од Единбург.
Се претпоставува дека сликата е направена во 2002 година кога двојката била во приватна обиколка на централната лондонска палата, која принцот Ендру ја оргнизирал за пораншениот претседател на САД, Бил Клинтон.
Фотографиите се појавија во четвртокот во американскиот град Брадфорд, Њу Хемшир, кога ФБИ ја уапси Максвел поради обвиненијата дека му помогнала на педофилот Епштајн, нејзиниот поранешен дечко, да се спријатели со малолетните девојки.
Засега од Бакингемската палата одбиле да дадат каков било коментар во врска со новонастанатата ситуација. Не е познато дали Џефри Епштајн, кој некогаш му бил пријател на принцот Ендру, бил на оваа турнеја, но сè повеќе се верува дека тој не бил дел од неа.
Како што известува британски „Телеграф“, весникот што ја добил оваа слика, Спејси, кој беше обвинет, но никогаш осуден за повеќе сексуални престапи, му бил гостин на Бил Клинтон, а Ендру ја поканил и Максвел.
„Никој не може да се сети дали Ендру бил во собата во тоа време, но тој бил задолжен за посетите“, пишува „Телеграф“.
Се смета дека фотографијата е направена по пристигнувањето на Клинтон во Лондон во септември 2002 година на конференцијата на Лабуристичката партија во Блекпул, каде што бил почесен гостин.
Спејси отпатувал со него во Блекпул. Двојката ја посети Африка со Епштајн, каде што отпатувале со неговиот приватен авион пред да пристигнат во Велика Британија.
Епштајн претходно ги посетил и Сендрингам и замокот Виндзор заедно со Максвел и принцот. Принцот Ендру е повикан да ги даде информациите во врска со истрагата кога неговата пријателка Максвел се појавила на суд.
Тој повеќепати ги негирал тврдењата дека трипати имал секс со една од главните жртви на Епштајн, Вирџинија Жифра, во периодот кога таа имала 17 години.
(Видео) Девојката на Џефри Епстајн ќе се спогоди и ќе се извлече од затвор