(видео) Џорџ Буш стои зад рушењето на Кулите близначки

Бритнанскиот магазин „Sun“ објави текст за камерманот Курт Соненфелд, на кого му беше овозможен пристап до Кулите близначки, веднаш по нивното рушењето.

Тој тврди дека поседувањето на снимката е неоспорен доказ дека администрацијата на Џорџ Буш е одговорна за терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Курт Соненфилд тие денови работел во американското министерство за домашна безбедност. Добил неограничен пристап по рушењето на зградите, и му било кажано да сними се што ќе забележи внатре.

Но, никогаш не ги предал снимките, затоа што тврди дека истите се несоборлив доказ дека владата на САД, однапред знаела дека ќе се случи терористичкиот напад.

Како што наведува тој, под Светскиот трговски центар наишол на празен сеф, кој бил испразнет пред да удри авионот, што укажува на тоа дека однапред се знаело за нападот.

После тоа, неговиот живот почнал да се распаѓа.

Уапсен е поради убиство на својата сопруга, која е пронајдена со куршум во главата.

Подоцна обвинението е повлечено, а тој ја напуштил земјата и побегнал во Аргентина, поради стравот дека ќе го фатат или замолчат.

„Во едно сум сигурен. Известувачките служби знаеле што ќе се случи и во најмала рака го дозволиле тоа да се случи“, изјави тој во еден документарец снимен во Аргентина.

„Не само што знаеја, туку и учествувале во тоа“, додаде тој.

Според неговите зборови, најсомнителна работа во рушењето на зградата 7 на Светскиот трговски центар, е дека таа не претрпела никакво оштетување веднаш по ударот на авионот во Трговскиот центар.

„Оваа зграда не ја удри авон, но и покрај тоа, таа 47 катница се сруши за само 6.5 секунди во совршена имплозија“.

Тој сега живее во Аргентина, каде во меѓувреме се ожени и доби две ќерки. Администрацијата на САД веќе неколку пати безуспешно се обидела, да од аргентинската власт ја изделува неговата екстрадиција.

Со слични тврдења излегоа и други луѓе пред него, но секогаш биле окарактеризирани како теоретичари на заговор. Така, многумина се уверени дека неговото бегство во Јужна Америка, произлегло од убиството на сопругата.

Вистината можеби никогаш нема да се дознае.

Scroll to Top