Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјавил дека во 2017 година бил подготвен да даде наредба за ликвидација на претседателот на Сирија, Башар ал-Асад.
Од ваквата идеја го одвратил тогашниот министер за одбрана, Џејм Матис.
„Со задоволство би го отстранил Асад“, изјавил Трамп во вторникот за „Фокс“ објаснувајќи дека го подготвил целиот план, но Матис го спречил.
Ваквото негово признание е во целосна контрадикторност со неговото тврдење од 2018 година кога за време на еден брифинг во Белата куќа тој изјавил дека за убиството на Асад никогаш не се разговарало во неговиот кабинет.
Новинарот Боб Вудвард во својата книга „Страв“ од 2018 година напишал дека Трамп посакувал Асад да биде убиен како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во 2017 година.
Неговите тврдења Трамп ги прогласи тогаш како тотална фикција. Но, сега во интервју за „Фокс американскиот претседател изјавил дека Матис бил човекот што не дозволил сирискиот лидер да биде ликвидиран.
Тој го нарекол тогашниот генерал високопреценета личност иако тврдел дека не се покајал за тоа што Асад не е убиен.
„Во секој случај можев да живеам со предложен атентат. Но, имав можност да го изведам ако сакам, а Матис беше против“, изјавил Трамп.
„Матис беше против многу слични работи“, дообјаснил Трамп за каналот „Фокс“.