Американскиот претседател Доналд Трамп во 1992 година oрганизирал забава со милијардерот и педофил Џефри Епстајн, кој во моментов веќе по втор пат чека судење за трговија со луѓе. Поточно станува збор за сексуално злоставување, силување и проституција на малолетнички.
Најмладата од жртвите е 14 години. Американските медиуми стигнаа во посед до снимката од забавата на која Трамп и Епстајн биле опкружени со девојки, наводно биле навивачки од американскиот клуб Бавало билса.
Trump getting handsy. A forceful grab and a pat on the 🍑. This is a low grade visual of the “grab them by the 🐱” tape. #Epstein #MorningJoe pic.twitter.com/kIBKU9mxnz
— 🇨🇩💪🏽 (@iZairois) July 17, 2019
Забавата се случила во клубот на Трамп Мар-а-Лаго. Во еден момент Трамп држи една од девојките и ја удира по зандикот. Во друг момент му покажува на Епстајн друга девојка и му зборува нешто на уво.
Поради музиката не може точно да се слушне што зборува Трамп, но NBC анализирал преку читање на усни.
„Погледни ја неа, таму зад… Таа е згодна“. Потоа вели уште нешто кое е невозможно да се утврди, но на Епстејн му било многу смешно. Милијардерот од смеење речиси паднал на земја.
Интересно е дека Трамп, кој американските медиуми го поврзуваат со овој сексуален манијак, во изјава на 9. јули негирал дека Епстајн му бил пријател.
„Го познавав Епстајн како и сите други кои го познаваа во Палм Бич. Беше инвентар во Палм Бич. Мислам дека не сум разговарал со него 15 години. Не му бев некој преголем фан“, изјавил Трамп.
Сепак се чини дека тоа го демантира снимката и откриените заеднички фотографии. Властите се сомневаат дека Трамп едно лето бил во злогласниот приватен авион на Епстајн, кој во медиумите е наречен Lolita ekspres, поради шпекулациите дека токму во него, милијардерот и неговите гости имале сексуални односи со малолетнички.
Со Lolita ekspres летал и поранешниот претседател Бил Клинтон и тоа повеќе од дваесет пати. Како и Трамп и Клинтон сега се оградува од својот поранешен пријател.
Исто така Епстејн наводно бил чест гостин во Мар а Лаг, додека не бил исфрлен поради напад на малолетници. Според судските документи, Епстајн изјавил дека сака да отвори агенција за модели, на ист начин како што Трамп ја основал неговата.
Епстајн токму преку таква агенција, врбувал, а потоа и силувал и продавал девојки. „Њујорк тајм“ известува дека Трамп организирал приватна журка само за себе и Епстајн во Мар-а-Лага, за која нарачл 28 девојки од календарот.
Тоа било во 1992 година, кога била одржана спорната забава.
Инаку Епстајн, во 2008 година, се извлекол со вонсудска спогодба, според која морал да отслужи 13 месеци во затвор од отворен тип, од кој секој ден си заминал по 12 часот на работа во својата канцеларија во Палм Бич, иако можел да заработи и доживотна казна. 11 години подоцна, Епстајн повторно е уапсен, а обвинението е многу пошироко.