(Видео) Две НЛО снимени на небото над САД

Жителите во американските дражви Вашингтон и Тексас забележале на небото мистериозни црвени топки за кои се посомневале дека се НЛО. Тие ги снимиле мистериозните објекти, а видеата ги објавиле на социјалните мрежи.

Очевидците говорат дека во орбитата забележале седум светлечки црвени топки кои лебделе во некаква формација на триаголник. За крако време откако се појавиле тие исчезнале.

Неодамна на „Јутјуб“ каналот Disklouz skrin Grimrifir беа објавени компликација на седум НЛО снимки направени во месец март, вклучувајќи ја и новата снимка.

Многумина заговорници тврдат дека станува збор за НЛО, но има и такви кои сметаат дека тоа се тајни авиони кои ги тестира американската влада.

„Мислам дека на едната или на двете снимки се гледа војската и полицијата, кои ги тестираат новите играчки“, бил коментарот на еден јутјубер.

Првото НЛО било видено над небото во Ел Пасо во Тексас во 19 и 15 часот по локално време. Марио Риос бил човекот која ја снимил формацијата на вонземјанските летала на 17. март.

Втората снимка настанала на 20 март во Сиетл во државата Вашингтон. На неа се гледаат три светлечки топки кои се движат во еден правец пред да ја променат формацијата и да исчезнат во далечина.

Scroll to Top