Брачна двојка од Венеција неодамна тргнала на пат со цел да докаже дека Земјата е рамна плоча и дека крајот на светот е некаде во близина на Сицилија. Тие го продале својот автомобил и со парите купиле чамец. Ја напуштиле Венеција кршејќи ги протоколите за карантин.
„Ја напуштија Венеција за време на локдаунот. За нив островот Лампедуза, островот на италијанските Пелагиски Острови во Средоземното Море, бил крајот на Земјата“, изјавил Салваторе Зичини, од Поморската здравствена канцеларија на Министерството за здравје.
Користејќи компас, тие со својот чамец се обиделе да стигнат до островот Пелаги до Лампедуза, пренесува „Ла Република“. За кратко време и двајцата се умориле и се нашле мокри и уморни на островот Устика.
Бидејќи глобалната пандемија е сè уште во тек, здравствените службеници веднаш ги ставиле во карантин. Тие успеале да побегнат и уште еднаш да отпловат. Биле фатени по само три часа.
„Неколку дена подоцна, брачната двојка повторно се обиде да избега. Завршија во куќата на еден митоман, кој тврдел дека е позитивен на Ковид-19, но за среќа не беше“, изјавил Зичини, кој објаснил дека на крај двојката со траект била вратена дома.