Последниот прототип на ракетата „Старшип“ од следната генерација на „Спејс икс“ експлодира за време на слетувањето по успешното лансирање во Бока Чика во Тексас.
Слична судбина ја снајде и претходната ракета „Старшип СН 8“, што ја разви компанијата на милијардерот Илон Маск. Ракетата е дизајнирана да пренесува луѓе и товар до 100 тони во мисии на Месечината и на Марс.
„Спејс икс“ вршеше тест за летање на голема височина на серискиот број 9 на „Старшип“ (СН9), при што компанијата соопшти дека тоа е втор тест на суборбитален лет на височина на прототип во округот Камерон, Тексас .
Преносот на летот во живо покажа како ракетата успешно се лансира, но експлодирала од ударот кога се обидела да слета.