(Видео) Генерал го спречил Трамп да почне нуклеарна војна со Кина, се јавувал и кај колегите да ги убеди дека нема да ги нападнат

Американскиот генерал Марк Мили, го спречил Доналд Трамп, да почне нуклеарна војна со Кина. Пред и по нападот на Капитол Хил, на 6 јануари, своевремено, началникот на здружениот генералштабот на вооружени сили на САД, наводно преземал одредени чекори со кои го спречил тогашниот претседател на САД, да донесе непромислени одлуки, пишуваат угледните новинари на „Вашингтон пост“, кои се и автори на новата книга за Доналд Трамп.

Третата книга за Доналд Трамп, која требало да биде објавена следната недела, ја напишал ветеранот кој се прослави со аферата „Вотергејт“, Боб Вудворд, заедно со неговиот колега исто така новинар во „Вашингтон пост“ и коавтор, Роберт Костом.

По првите две книги од серијалот за Трамп, најновото издание го покрива крајот на претседателствувањето на Трамп и почетокот на првиот мандат на Џозеф Бајден во Белата куќа.

Вудвард и Коста го прикажуваат генералот Марк Мили, началник на здружениот генералштаб на американските вооружени сили, кој е сигурен дека Трамп по изборите доживеал сериозен ментален пад.

Мили наводно мислел дека претседателот станал маничен, затоа што им викал на соработниците и официјалните лица и конструирал своја алтернативна реалност во бескрајни изборни заговори.

Авторите пишуваат дека генералот Мили бил загрижен дека Трамп може да стане непресметлив поради што ги предупредил повеќето воени структури дека сметаат на тоа и дека никогаш не се знае каков ќе му биде мотивот на Трамп за неговите одлуки.

„Вашингтон пост“ објавил дека Мили дури направил неколку тајни телефонски повици на своите кинески колеги, генералот Ли Жуоченг, за да потврди дека Вашингтон нема да ја нападне Кина.

Едниот повик наводно е направен на 30 октомври 2020 година, четири дена пред изборите, а вториот на 8 јануари, два дена откако приврзаниците на Трамп го нападнаа Конгресот, обидувајќи се да го поништат изборниот пораз.

Мили наводно им ветил на кинеските генерали дека ќе ги предупреди доколку дојде до напад. Трамп пак се сомневал дека Мили му работел зад грб.

„Доколку е вистина, во што е тешко да поверувам, дека ка повикал Кина и ги направил тие работи, тоа е предавство“, рече Трамп за „Фокс њуз“.

Scroll to Top