(Видео) Голем пожар во фабрика на „Хуавеј“ во која се истражувале антени за 5Г-мрежа

Пожар избувнал денес во фабрика на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“, во градот Дунгаун. Во фабриката се истражувале антените за 5Г и 4Г-мрежата, пренесуваат светските медиуми.

Пожарот бил изгаснат и никој не настрадал во незгодата, соопштиле локалните власти. Огнот ја зафатил зградата со челична конструкција во изградба, која се наоѓала во близина на истражувачката лабораторија на „Хуавеј“ и која не била користена во моментот кога се случил инцидентот.

На кинеските социјални медиуми објавено е видеоснимка, на која наводно се гледа како голем облак со темносив чад се издигнува од истражувачката лабораторија на „Хуавеј“.

Противпожарната служба денеска соопштила дека горел памукот што го спречувал звукот. Кинеските државни медиуми пренесоа дека пожарот избувнал во истражувачката лабораторија на „Хуавеј“. Од компанијата одбиле да дадат каков било коментар или одговор.

Во лабораторијата главно се истражуваат материјали и се тестираат антени за 4Г и 5Г-мрежата, поврзано со деловните базни станици на „Хуавеј“, тврди „Ројтерс“ повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

 

Scroll to Top