Аудио снимка е објавена од пилотот на американски воен авиони Ф-16, кој го сруши едно од мистериозните летала над езерото Хјурон во САД. На снимката се слуша гласот на пилотот, кој се обидува да дефинира за што станува збор.
Објектот е соборен над Мичиген во недела. Тоа е трет мистериозен објект кој е срушен во воздушниот простор на САД, за само три дена. Пентагон го опиша како мал метален балон, но од снимката со пилотот, се слуша дека има тешкотии да дефинира за што станува збор, пренесе „Дејли Мејл“.
„Не би го нарекол балон. Не знам што е. Го гледам со свои очи. Изгледа како некаков надуван предмет. Тешко е да се каже што е. Многу е бавен и мал. Изгледа како резервоар. Не можам да тврдам каков навистина облик има. Не можам да го видам“, може да се слушне пилотот.
Комуникацијата во кокпитот се случи откако американската војска испрати два воени авиони Ф-16, да соборат НЛО додека летаат во близина на Министерството за одбрана над езерото.
Воени официјални лица подоцна објасниле дека имал осмоаголна структура и дека го срушиле од небото, затоа што претставувал опасност и закана заради неговите потенцијални можности за набљудување. Снимката е објавена на страната The Drive.
НЛО-то се движело со многу помала брзина од борбените авиони и затоа пилотите имале тешкотии да сватат за што станува збор. Едниот од пилотите оценил дека објектот е помал, а другиот рече дека бил со големина на автомобил.
Официјални лица објасија дека имал врзан терет под него.
„Не можам да кажам дали е метал, но можам да видам линии кои се спуштаат под него. Но, не можам да видам ништо под него, но се гледаат линиите“, се слуша еден од пилотите.
Пилотите не можат да се согласат околу бојата. На едниот му изгледала сјајна или металик, додека другиот вели дека е црна и дека му изгледал мрачен. Откако го срушија, од војската рекоа дека мисијата ја чинела војската на САД околу милон долари и дека првата ракета го промашила објектот.
it doesn’t look like a balloon to me #Huron pic.twitter.com/1FFRQYwktD
— Russian Market (@runews) February 12, 2023
Авионите користеле проектили Sidevinder AIM-9Ks кои чинат 400.000 долари. Мисијата чинела поскапо затоа што пилотите од втора го погодиле објектот. Ова го потврди и генералот на Пентагон Марк Мајли.
Ракетата која го промашила објектот завршила во езерото. „Дејли Мејл“ пренесе дека од Белата куќа негирале дека станува збор за вонземјани, но истот ака официјалните лица оттаму биле под притисок да ги објаснат неодамнешните настани.
За потсетување, американските борбени авиони соборија четири објекти на голема височина овој месец, па од Белата куќа објавија дека ќе се оформи нова работна група за НЛО која ќе ја проучува безбедносната закана од неидентификувани објекти кои го напаѓаат воздушниот простор на САД.
4/11/22 I’m visiting #AnnArbor. I see glinting in the sky. I try and zoom in. I think it’s a silver cylinder or peanut shape balloon with a chord. Minutes later I’m not sure as I think the chord might be a spray or similar? I zoom in badly. Any thoughts? #object #ufo #Huron pic.twitter.com/s2jlQIEJom
— Coati Dinner (@Coati_Dinner) February 14, 2023
Откако првиот шпионски балон беше соборен кај брегот на Јужна Каролина на почетокот на овој месец, откриени се уште три такви објекти, кои допрва треба да бидат официјално идентификувани.
Американската конгресменка Елиса Слоткин на „Твитер“ објави дека американската војска соборила неидентификуван летечки објект над езерото Хјурон.
Во постот објасни дека завршиле одлична работа. Не даде детали за тоа кој објект го собориле воздухопловните сили, но рече дека сите ги интересира што е и за што служи.
Зборувајќи за објекти во воздушниот простор на САД и Канада рече: „Се додека овие работи минуваат низ САД и Канада, ќе продолжам да барам од Конгресот да се добие целосен извештај врз основа на истрагата од остатоците од авионот.
This is the #uap that was shot down over #lake huron. #Balloon #huron #notam pic.twitter.com/tyIZgOx5Yr
— NEWSFLASHER (@LUNCBURNER) February 12, 2023
Некои твитерџии коментираат дека објектот не им изгледал на балон. Еден објави и фотографија од како што тврди, НЛО над Португалија, направена од 10 септември 1990 година и рече дека многу личен на оној што беше соборен на 12 февруари 2023 година.
„10 септември 1990 година. Неидентификуван летечки објект во облик на октагон со антени беше забележан и прикажан над Португалија. Описот на неодамнешниот соборен неидентификуван летечки објект над езерото Хурон е речиси ист“, напиша тој.