(Видео) Илон Маск им одговори на Кинезите: „Ако користевме возила за шпионирање, ќе не затвореа до сега“

По вестите дека кинеската војска и забрани на компанијата „Тесла“ да работи во нејзини објекти, првиот човек на компанијата Илон маск, изјавил дека неговата компанија ќе била затворена ако неговите автомобили се користеле за шпионирање.

„Постои многу силен поттик да бидеме многу внимателни со сите информации. Ако „Тесла“ користел автомобили да ја шпионира Кина, или било кој друг, ние би биле затворени“, изјавил Маск за време на една виртуелна дискусија.

Добро упатени извори за „Ројтерс“ потврдиле дека кинеската војска забранила влез на автомобилите „Тесла“ во воените комплекси, повикувајќи се на загриженоста поради камерите инсталирани на возилата.

Маск повика на поголема меѓусебна доверба меѓу САД и Кина за време на видео разговорот со еден кинески квантен физичар.

Њујоршкиот дневен весник „Вол Стрит Журнал“ и агенцијата „Блумберг“, потврдија дека Кина, повикувајќи се на загриженоста за националната безбедност, го забранила пристапот на автомобилите произведени во компанијата „Тесла“.

Оваа организација стигнува откако кинеските власти спровеле безбедносен преглед на возилата и како што наведуваат американските медиуми, било утврдено дека сензорите во автомобилите на „Тесла“, можат да снимаат фотографии на локациите на кои возилата се наоѓаат, пренесува „Си-ен-би-си“.

„Вол Стрит Журнал“, повикувајќи се на добро известени извори, додава дека „Тесла“ на тој начин можел да дојде до важни информации, како што се на пример податоците за тоа, кога и каде автомобилите биле користени.

Исто така „Тесла“ би можеле да ги следи и големиот број на лични податоци, како листата на контакти на мобилните телефони, кои биле поврзани со автомобилите, е наведено во текстот на њујоршкиот весник и се додава дека Кина е загрижена дека информациите можеле да стигнат до САД.

Од „Тесла“, не одговориле веднаш на ваквите реакции, но, акциите на компанијата на берзата во Њујорк, паднале за околу 1.1% рано утрото, пред официјалното отворање и почетокот со тргувањето.

Scroll to Top