Италијанските власти во петокот ја запленија јахтата на рускиот милијардер Андреј Мељниченко, пренесоа тамошните медиуми.
Според италијанската финансиска полиција, бродот со име SY A вреди околу 530 милиони евра и во моментов се наоѓа во магацин североисточно од пристаништето Трст.
Станува збор за една од најголемите јахти во светот и најскап брод. Заплената следела откако Европската Унија го санкционираше Мељниченко на 9 март во рамки на проширените казнени мерки против руските олигарси. Според ЕУ, тој е сопственик на произведувачот на ѓубрива EuroChem Group и компанијата за јаглен SUEK, пренесе „Си-ен-ен“.
На социјалните мрежи се појави и снимка од Трс на која се гледа како му ја запленуваат јахтата. Во одлуката на Советот на ЕУ, која одобри санкции врз Мељниченко, наведено е дека тој и уште 36 бизнисмени се состанувале со рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата која Русија ја направи врз Украина. Тие разговарале за потенцијалното економско влијание кое Русија би го имала од санкциите на САД и ЕУ.
Sanzioni contro la Russia:
A Trieste, nel rimessaggio del porto, è stato sequestrato dalla Guardia di Finanza lo yacht a vela più grande del mondo, del valore di 530 milioni di euro. Lo “SY A” è riconducibile all’imprenditore russo Andrey Igorevich Melnichenko. pic.twitter.com/xj0V728Qsa— Tg La7 (@TgLa7) March 11, 2022
„Фактот дека тој е повикан да присуствува на овој состанок покажува дека е член од најблиското опкружување на Владимир Путин и дека ги поддржува или спроведува акциите или политиката кои ги уриваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Укаина, како и стабилноста и безбедноста на земјата“, стои во одлуката на Европската унија.
„Тоа исто така покажува дека тој е еден од водечките деловни луѓе вклучени во економскиот сектор кој обезбедува значителен извор на приходи на владата на Русија, која е одговорна за анексијата на Крим и дестабилизација на Украина“, стои во соопштението.
Извор/Курир.рс