(Видео) Изгубени фрагменти од Кеопсовата пирамида, стари 5000 години, биле пронајдени во кутија за цигари

By

Фрагменти од дрво од 5000 години старата Кеопсова пирамида, во Гиза, случајно биле пронајдени во кутија за цигари на Универзитетот во Абердин во Шкотска.

„Се надеваме дека одамна изгубените египетски артефакти, ќе фрлат ново светло на Кеопсовата пирамида“, велат научниците.

Пронајдените парчиња дрва, се дел од предмет кој во 1872 година, во една од коморите на пирамидата, ги пронашил британскиот археолог Вејнман Диксон.

Тој пронашол два предмети, кугла и кука, кои се наоѓаат во Британскиот музеј, додека третиот бил изгубен и не се знаело каде завршил повеќе од 70 години.

Се верува дека дрвото било користено за мерење и би можело да ја одгатне загатката за начинот на кој била направена пирамидата.

Нил Куртис од музејот за археолошки збирки на Универзитетот во Абертин, смета дека ова откритие без сомнение ќе го поттикне интересот за артефактите на Диксон и дополнително ќе го разјасни начинот на кој е настаната Големата пирамида.

„Големата или Кеопсовата пирамида е висока 139 метри и е изградена пред 4500 години. Најголема е во групата на пирамиди во Гиза, најстара и единствена сочувана од седумте светски чуда на антиката“, истакнува Куртис.

Ќе ви се допадне

4Anime 4anime sign up: Dragon Ball (Dub) Episode 153

AniWatch animes online: Umibe no Étranger Episode Full