(Видео) Како би изгледала Југославија денес

Џозеф Писнети на „ЈуТјуб“ објави видео со анализа во која се прашува „што би било кога би било“ и како денес би изгледала обновена и обединета Југославија.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на анализата тој се соочи со проблем, а тоа е Косово. Според него новата Југославија би ја сочинувале шест или седум држави во зависност од бројот на земји кои го признале Косово.

Кога е во прашање БиХ, според авторот речиси 2,4 проценти од територијата на земјата лежи на мини.

Кога повторно би се создала, Југославија би имала над 20 милиони жители, со што би била меѓу десетте најголеми држави во Европа, односно би била на осмото место. Но, Југославија би имала помалку жители од 1991 година, кога се забележани над 23 милиони жители.

Што се однесува до етничката припадност, новата Југолсавија би била составена од 35 проценти Срби, 20 проценти Хрвати, 11 проценти Албанци, 9 проценти Бошњаци, 8 проценти Словенци, 6 проценти Македонци, 1 процент Црногорци и 10 проценти останати народи.

Бруто националниот доход би изнесувал 191.045.000.000 милијарди долари со што земјата би била на 53 место во светот кога е во прашање економијата.

Војската би броела 230 илјади припадници, а пет најголеми градови би биле Белград, Загреб, Сараево, Љубљана и Скопје.

Scroll to Top