(Видео) Кина е на чекор да започне Трета светска војна со САД, Јапонија, Индија и Австралија

By

Воените експерти стравуваат од почеток на Третата светска војна, особено откако Австралија се согласи да им се приклучи на САД, Јапонија и Индија, во поморските вежби, за кои многумина тврдат дека се насочени на Кина.

Стравот од отворен конфликт е реален, особено откако односите меѓу Пекинг и неговите соседи, нагло се влошија во последните неколку месеци, поради споровите кои настанаа околу територијата и трговијата.

Во 2017 година, реформиран е безбедносен сојуз Квад, кој го сочинуваат САД, Индија, Јапонија и Австралија. Во понеделникот Индија ја повика Австралија на нејзините престојни поморски вежби во Малабар, на кои ќе бидат и воени сили од САД и Јапонија.

Претходно, Индија која историски не беше класифицирана, ја отфрли австралиската вмешаност, поради страв дека може да го навреди Пекинг.

Но, односите меѓу Њу Делхи и Кина драматично се влошија оваа година, со низа на вооружени конфликти, долж спорната граница.

Годишната поморска вежба Малабар, започна во 1992 година, меѓу САД и Индија, а Јапонија стана постојан учесник во 2015 година.

Говорејќи за South China Morning Post, Џон Блекленд, професор во Центарот за стратешки и одбрамбени студии во Австралискиот Национален Универзитет, изјавил дека е јасна проширената вежба на Малабар и дека истата е насочена кон Кина.

„Ова е еден заеднички фактор и не е тешко да се разбере за што станува збор. Што е тоа што ги тера овие земји, кои инаку не би сакале да соработуваат, одеднаш да ја надминат нивната неподготвеност, несигурност и непријатност и да го удвојат постигнувањето на овој аранжман“, вели Блекленд.

Тој објаснува дека Кина во голема мера, ова самата си го направи на себе си со нејзината дипломатија и неподготвеност за преговори за Јужнокорејското море.

„Со асертивност преку Индискиот океан и наметливоста во Јужниот Пацифик Пекинг предизвика значителна непријатност и ги поткопа популарните погледи на Кина“, дообјаснува Блекленд.

Марис Пејн, од Австралиското Министерств за надворешни работи, вели дека четирите сили на „КВАД“, планираат да работат заедно на одржување на мирот и стабилноста во овој регион.

Во изјава за индиското министерство за одбрана, Пејн вели дека сите учесници се посветени на меѓународен поредок, заснован на правила и на слободен и отворен индо-пацифички индо-пацифик.

Односите меѓу Австралија и Кина брзо се намалија откако Канбера во април побара независна меѓународна истрага за потеклото на пандемијата на коронавирусот. Како одговор од Пекинг стигнаа рестриктивните мерки насочени на австралиското говедско месо и јачменот.

 

 

Ќе ви се допадне